Бременост

ТИЕ ВОЛШЕБНИ МАЛИ СУШТЕСТВА- БЕБЕНЦА: Eве што прави фетусот во стомакот на мама!

Тие чувствуваат се уште пред да се родат...

Бебињата пред раѓањето не се мирни и се несвесни за својата околина. Тие се забавуваат до раѓањето и со тоа го скратуваат времето со разни активности.

фото рингераја.рс

Експертите се согласуваат дека бебињата ги движат прстите, рацете и нозете, си ги цицаат палците, зеваат и сонуваат додека се во стомакот на мајката. Ова се само некои од неверојатните работи што ги прави бебето во матката.

Икањето на фетусот е виновно за ритмичкото отскокнување на стомакот. Многу бремени жени го чувствуваат тоа, а започнува на крајот на првиот триместар.

foto ilustracija

Целта на икањето е „исплакнување“ на белите дробови со амнионска течност во која уринира бебето и ја враќа назад- објасни гинекологот др. Ерден Радончиќ.

Родителите понекогаш добиваат фантастична слика со ултразвук на која бебето изгледа како да се смее. Британски научници потврдија дека бебињата навистина се смеат, а исто така можат да се намуртат, да го збрчкаат носот или да ги кренат веѓите. Но, покрај смеењето, фетусите и плачат.

фото илустрација

Истражувањата покажаа дека ниска фреквенција на бучава насочена кон стомакот кај фетусот во третиот триместар предизвикува однесување што изгледа како да плаче. Бебето ја отвора устата, дише неправилно, а научниците дури забележале и треперење на усните. Често гледаме насмевка на 4Д ултразвук, цицање палец, отворање на очите и тоа во подоцнежната фаза на бременоста, по 32-та недела.

foto ilustracija

Повеќето од овие движења се рефлексивни – објаснува гинекологот Радончиќ.

Фетусот ги слуша и реагира на звуците веќе во 16-та недела, што е уште пред увото да биде целосно развиено. Тие започнуваат активно да слушаат во 24-та недела. Во четвртиот месец, фетусот реагира на силниот звук на посебен начин.

foto ilustracija

Жизел Е. Витвел, музичка едукаторка и терапевтка, наведува како пример жена која ја посетила зоолошката градина во 7-миот месец од бременоста и гледала како се хранат лавовите. Поради силните вресоци, фетусот реагирал со силни удари што направиле бремената жена да не се чувствува добро. Подоцна се покажа дека детето во седмата година има благо нарушување на слухот, но тој реагираше кога гледаше и слушаше рикање на лавовите на телевизија.

Научниците тврдат дека, покрај посебната врска помеѓу близнаците, се создава врска помеѓу мајката и бебето дури и пред раѓањето. Во текот на последните 10 недели од бременоста, бебињата многу активно го слушаат гласот на нивната мајка и што им кажува таа.

фото илустрација

Д-р Кариста Луминаре-Росен, автор на „Родителството започнува пред зачнувањето“, споменува истражување кое покажало дека бебињата во матката имаат емотивни и интуитивни способности да ја чувствуваат љубовта на своите родители.

– Бебињата можат да гледаат, слушаат, вкусуваат, чувствуваат, запомнуваат и размислуваат пред раѓањето – е ставот на лекарот.

Според неодамнешните истражувања, бебињата не само што реагираат на гласот на нивната мајка, туку и почнуваат да учат јазик во нивните стомаци! Една студија покажа дека новороденчињата го разликуваат својот мајчин јазик од другите јазици во рок од неколку часа по раѓањето.

ФЕТУСИТЕ ЈА ПИЈАТ СВОЈАТА УРИНА

Амнионската течност се создава од мајчиното тело сè додека бубрезите на бебето не започнат со работа во 4-от месец од бременоста. Тогаш бебето придонесува за создавање на амнионска течност на необичен начин.

foto ilustracija

Бебето голта амнионска течност која потоа поминува низ дигестивниот систем во бубрезите, се прочистува и се враќа назад во амнионската кеса како урина. Така, бебињата, практично пиејќи ја урината, практикуваат дигестивни и уринарни состави пред да се родат.

СВЕТЛИНА 

Видот се развива последен од сите сетила, а новороденчето не гледа убаво и јасно некое време по раѓањето. Сепак, научниците тврдат дека фетусите се во можност да разликуваат светлина од темнина. Понекогаш тие се свртуваат кон изворот на светлина.

фото илустрација

ЈАДАТ КОСА

Лануго се меки влакна на телото на фетусот. Тие се јавуваат во 5-тиот месец од бременоста. По раѓањето, бебето има влакна на рамената, грбот, челото и лицето, а тие паѓаат за неколку недели. Повеќето ги „јадат“ во матката и се протеруваат во првата столица.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close