Бременост

Бремена сум… и што сега? Неколку работи кои треба да ги направите кога ќе видите позитивен тест за бременост

Многу емоции, но и страв и возбуденост...

Тестот е позитивен. Насмевката на лицето не ви се сокрива, но сепак се поставува главното прашање: Што сега? Тоа е моментот кога сте свесни дека треба да направите нешто, но не сте сигурни од каде и како да започнете. Затоа, ви предложуваме неколку работи кои треба да ги преземете кога ќе дознаете дека сте во блажена состојба.

1. Посетете лекар

Ако ви доцнела менструацијата и ако направивте тест дома, задолжително обратете се на лекар. Тој ќе ви ја потврди бременоста, но и ќе ви ги каже следните чекори, кога се прегледите и како ќе се следи бременоста.

2. Пијте вода

Во текот на бременоста, важно е да пиете што повеќе вода. Лекарите предложуваат барем 8 до 10 чаши дневно. Целта е вие и вашето бебе да бидете доволно хидрирани. Тоа ќе ви помогне и при запек. За внесувањето на течности секогаш можете да зборувате со вашиот лекар.

3. Здрава исхрана

Што опфаќа ова? Потрудете се исхраната да ви биде богата со протеини, овошје и зеленчук. Не започнувајте различни диети. И за ова е најдобро да позборувате со вашиот лекар.

4. Читајте

Читајте и учете за новите промени кои ве очекуваат додека расте и се развива вашето бебе.

5. Буџет

Кога ќе дојде бебето, нема да имате време буџетот да го подготвите за се’. Напишете ги на хартија барем основните работи. Постојат некои работи кои се купуваат само еднаш, како креветче, седиште за во автомобил, количка, но и оние кои редовно ќе ви требаат, како пелена и облека.

6. Прифатете го своето ново тело

Промените кои ќе му се случуваат на вашето тело нема да бидат преубави (вклучувајќи гасови, килограми, мачнина, вртоглавица). Сепак. имајте на ум дека вие донесувате еден нов живот на свет. Сакајте го своето тело и не чувствувајте се лошо поради промените кои ви се јавуваат.

7. Прифатете ги емоциите

Ќе бидете на вистински емотивен ролеркостер – од целосен мир, до непрекинато плачење. Не плашете се. Прифатете ги промените на емоциите и научите да функционирате со нив.

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close