Градинка

Кога го слушате вашето дете, запаметете ги овие 3 работи

Децата имаат многу да кажат, да прашаат.

Децата прашуваат затоа што сакаат одговори и го сакаат нашето внимание, посебно ако почувствуваат дека сме зафатени и дека вниманието ни е одвлечено. Во одреден момент децата веруваат дека нивните грижи се најголеми и најважни на светот.

Еден педијатар и автор на многу книги за родителството, ги издвојува овие три работи кои треба да ги имате на ум кога е во прашање слушањето на вашето дете.

Дури и бебињата знаат кога не им обрнувате внимание

Експертите нагласуваат дека и едномесечните и двомесечните бебиња комуницираат со родителите – со плачење, за да изразат глад, неудобност, поспаност, но и со смешкање, мафтање со рацете, удирање… Сите родители ја препознаваат таа комуникација.

Сепак, истражувањата покажале дека дури и новоредените бебиња го чувствуваат нашето „слушање“ и ги следат нашите очи и изразите на лицето. Дури и во најраната доба бебето ја бара својата потврда од родителите. Разговарајте со бебето кога мафта со рачињата и се смее, покажете му дека го слушате.

Ветете му дека подоцна ќе ја ислушате целата приказна

Децата вообичаено го бараат нашето внимание во најнезгодни моменти, на пример наутро, на училишниот паркинг, кога треба да излезат од автомобил. Забораваат дека требале да ни кажат за денешното тестирање во училиште или за нешто значајно што се случило претходниот ден.

Тешко е да се сослушува во такви моменти, кога доцниме на работа или кога сме исцрпени после долг и напорен ден. Но, токму тогаш треба многу да се трудите и да му ветите на вашето дете дека подоцна ќе ја ислушате целата приказна. Стојте си до ветувањето!

Освежете го паметењето на вашето дете

Кога при крај на денот ќе седнете со вашето дете, тоа можеби целосно заборавило на утринската криза, но вие потсетете го! Прашајте го детето како поминало, како го решило проблемот, дали сега се’ е во ред. Важно е да им покажеме на децата дека тоа ни оставило впечаток.

Покажете им го своето лице, своето трпение и своето внимание, па сите проблеми ќе ги решите заедно.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close