Дом и семејство

Трик со кој ќе добиете дупло повеќе простор во плакарот!

Како и секоја жена никогаш немате доволно место во вашиот плакар? А дали знаете дека само со една ситница можете да го промените тоа?!

Плакарите пренатрупани со облека на многумина им е секојдневие за кое не гледаат решение бидејќи купување на поголем плакар не е опција, како заради недостаток на пари, така и заради недостаток на простор. Но, проблемот со пренатрупаните плакари можете да го решите и со помош на супер едноставен трик кој ќе ве чини само – неколку лименки пијалак.

Што ви треба?

Потенки закачалки како тие би заземале што помалку простор и делот од капакот на лименката кој што го влечете кога ја отворате.

Што да направите

Куката од поклопецот на лименката провлечете ја низ „главата“ на една закачалка. На „куката“ закачете друга закачалка така што таа ќе виси малку пониско од првата и еве ви двојна закачалка. Доколку сакате односно доколку имате потреба од тоа можете да додадете уште една кука и закачалка. Закачете ја облеката на закачалката, намесете ја во плакарите и веднаш ќе забележите разлика во плакарот. Ќе добиете многу поголем простор, ако не и два пати поголем простор од претходно. Секако, во плакарот можете да создадете доста нов простор и ако од него ја исфрлите облеката која сигурно нема да ја носите.

Извор: Zadovoljna.hr

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close