Градинка

Интересни факти за ќерките: Девојчињата созреваат порано од момчињата

Ах тие мали татини принцези!

Вашите мали и паметни ќерки се посебни и сигурно уживате во нивното друштво. Меѓутоа, тие мали принцези, за разлика од момчињата, подобро знаат како да го добијат посакуваното.

Многу рано ќе почнат да го „крадат“ вашиот накит, но и вашите чевли

Вашата преслатка принцеза ќе се преправа дека излегува, а притоа ќе се дотера со вашите чевли и омилениот накит. Уживајте во тие моменти, зашто наскоро ќе посака навистина да ги поседува.

Може да бидете малку љубоморни на „татината принцеза“

Иако можеби љубомората не е ваш стил, ќе се изненадите кога ќе ја почувствувате, а тоа во моментот кога ќе сфатите дека не сте единствената женска личност во животот на вашиот партнер. Ќе ги цените нивните игри, приказни и длабоката поврзаност, но понекогаш нема да ви биде пријатно што ќе бидете изоставени.

Девојчињата созреваат порано од момчињата

Вашата ќерка можеби веќе трча, додека синот на вашата пријателка кој е на иста возраст, се’ уште се бори со исправувањето и давањето на првиот чекор. Превртување, смеење, бакнежи, читање, одвикнување од пелени… Не треба да бидете изненадени ако вашата мала принцеза го совлада сето ова порано за разлика од момчињата на нејзина возраст.

Навикнете се на драми

Пред да ја имате вашата ќерка, сигурно не помислувавте дека некој толку ќе се возбудува околу тоа што не ѝ излегла добра фризурата или затоа што изела едно парче леб повеќе за време на ручекот. Но, таа навистина сака да изгледа добро во најновите фармерки! На крајот и таа ќе се опушти, затоа, вдишете длабоко!

Таа ќе ви биде мерка за убавина

Никогаш не би го признале тоа на глас, но вие мислите дека таа е најубавото суштество кое некогаш било родено. Нормално е да се чувствувате вака, но притоа не заборавајте да ѝ кажете колку е паметна и интелигентна и дека верувате во неа!

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close