Кафе муабет

Интересен трик: Оваа жена престанала да ги купува овие 3 работи и заштедила многу пари

На овој начин драстично ќе ги намалите трошоците.

Кумико Лав е сопственичка на блогот „Мама на буџет“ кој е многу популарен, па со своите читатели ја споделила стратегијата која ѝ помогнала за заштеди повеќе од 5.000 долари за само 8 месеци.

Таа вели дека за нејзиниот успех клучен бил првиот чекор, кога седнала и пресметала на што се’ троши пари, па за почеток решила да се откаже од овие три работи.

Нова облека

„Кога престанав да купувам облека, автоматски на сметката имав помеѓу 200 и 300 долари повеќе секој месец. Најпрво тоа во целост си го забранив, а потоа одредив месечен буџет од 35 долари само за да ги заменам работите кои веќе ми се искинаа, како што се чорапи, долна облека.“

Лав вели дека 8 месеци без купување нова облека ѝ овозможиле да сфати што навистина сака да носи.

Достава на храна

Како новопечена мајка, Камико наведува дека немала многу време за готвење, така што најмалку пет или шест дена неделно јадела храна доставена од ресторан. Кога престанала да го прави тоа, имала дополнителни 300 долари месечно. Следниот чекор било внимателно планирање на оброците и купување намирници.

Брендирани артикли

„Храната беше голема работа во моето трошење и тогаш ја направив најважната работа. Престанав да купувам познати брендови кога е во прашање храната и почнав да ги купувам нивните локални варијанти. Сфатив дека сето ова време бев навлечена на производи на одредени брендови.

Со купување на иста храна но во верзија која ја нудат локалните продавачи, заштедив многу пари.“

 

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close