Кафе муабет

,,ГОСПОДЕ СЕ’ ШТО ИМАВМЕ, СЕ’ УНИШТИВМЕ’’- Писателката Ксенија Николова раскажа страшна случка во ГТЦ

Писателката возменирена се обрати и до институцииите...

 

Пред повеќе од една деценија на малите ТВ екрани нашите срца ги освоија неколку ултра талентирани дечиња од школата за глума на актерката Весни Бејби Петрушевска кои беа дел од нејзиниот проект „Бејби шоу“ кој сите деца со нетрпение го очекуваа пред малите екрани.

 

Дел од тоа успешно телевизиско шоу беше и писателката и инфлуенсерка, Ксенија Николова, која од мала и кревка порасна во силна и успешна жена која денес цврсто стои на свои нозе.

 

Познатата писателка е доста активна на социјалните мрежи каде го споделува поголемиот дел од нејзиното секојдневие со своите фанови.

 

Ксенија важи за отворена и искрена личност, без влакна на јазикот, која постојано го споделува својот став за многу важни општествени теми.

 

Па така неодамна, таа видно разочарана и вознемирена сподели што се случило во еден од дуќаните во ГТЦ.

 

Поминувајќи вечерва низ ГТЦ, во еден од ходниците на најдолниот кат, видовме затворено маче во празен дуќан во кој нема апсолутно ништо.

Мачето беше преплашено.

Не е јасно како влегло, немаше ништо скршено. Најверојатно некој случајно го затворил.

Отидовме до најблиската отворена продавница и прашавме дали знаат чив е дуќанот, но бевме упатени кај обезбедувањето, каде за жал добивме информација дека знаат чив е дуќанот, но немаат број од луѓето.

Потоа, сплет на околности, бевме упатени во една најблиска продавница за која ни кажаа дека е на истите сопственици, но таа беше затворена.

Вртејќи се во круг, немавме што да направиме, иако сакавме да помогнеме. Никој не знаеше ништо конкретно.

Не смееме да чепкаме туѓ имот и насила да се отвори вратата, иако е ова алармантна ситуација.

Мачето остана внатре и рекоа дека ќе му отворат најверојатно утре, бидејќи постои опција да дојдат мајстори за кои накрај дознавме дека можеби биле и денес па така се верува дека влегло и мачето, а ние и утре ќе отидеме да провериме дали е тоа така.

Сето тоа се само претпоставки.

Processed with Lensa with Magic Correction

Многу тешко се помиривме со тоа дека немаме што да направиме во ситуацијата.

Како може обезбедување да нема број и контакт од секој сопственик на дуќан во трговскиот што го обезбедува и штити?

Како?

А ако се случи нешто, како во овој случај, како ќе дознаат сопствениците и како ќе можат да реагираат?

Распаднат ГТЦ, а толку убав и значаен објект за Скопје.

Господе, сѐ што имавме, сѐ уништивме.

Со тешко срце ќе заспијам вечерва и мислите ми се кај кутрото животинче кое е затворено, напиша Ксенија на Фејсбук.

 

Објавата привлече лавина коментари, а денес Николова сподели убава вест.

Дечки, успеавме, мачето излезе!

Еден добар и хуман човек по име Мичо кој денеска беше на смена во обезбедувањето на ГТЦ, се посвети ептен и газдите го отворија дуќанот и мачето излегло.

Мичо, ти благодариме!

Ви благодарам на сите кои помогнавте, на сите кои допринесовте!

И не заборавајте, општеството треба да функционира за сите, нема селективна правда!

Да сте живи и здрави – ги извести Николова своите фанови  и публика дека се’ добро се завршило.

 

 

 

 

 

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close