Дом и семејство
Еве зошто за детето е важна бабата по страната од мајката: Се’ што таа чувстува и прави, се пренесува на детето
Баба - во овој збор се крие неизмерна топлина, добрина и посветеност.
Најдобрите спомени се поврзани со нашите баби: летни празници, вкусни пити, палачинки, мирис на љубов и драга личност која секогаш е тука за нас… Приказни пред спиење, будење со мирис на чај и џем, безгранична љубов… Изненадувачки е што повеќето од нас повеќе наликуваме на нашите баби, отколку на нашите родители!
Според научниците, бабата по страната од мајката е онаа која има најголемо влијание на детскиот живот. Таа е онаа која го учи на основен живот, правила и му ја дава целата грижа и љубов. Врската помеѓу бабата и внуците е најцврста и најдлабока, а се докажало дека се формира на генетско ниво.
Одамна не е тајна дека наѓите деца генетскиот материјал го поседуваат од своите баби. Поради тоа честопати забележуваме сличност помеѓу нашите деца и роднините. Експертите тврдат дека гените се пренесуваат на нашите деца и тоа од бабата по мајка.
Секако, во различно семејство ова може да се случи на различни начини. Детето може да личи на родителите и на бабите и дедовците од татковата страна. Непотребно е да се каже дека генетиката е сложена и непредвидлива.
Меѓутоа, родителите мора да сфатат колку голема улога имаат најблиските роднини во судбината и карактерот на нивните деца. Според експертите, дури и чувствата кои бабата ги чувствувала во бременоста може да влијаат на развојот на нејзините внуци.
Запаметете дека блиското сродство е сложен и меѓусебно поврзан организам. Тоа значи дека нашите емоции, однесувањето, добрите и лошите навики може да се пренесат заедно со гените на нашите деца и внуци. Поради тоа, важно е да бидеме внимателни кон својата здравствена и психолошка состојба. Кога си нанесуваме штета на себе, свесно и со намера им нашететуваме на идните генерации.
А за тоа колку е важен и цврст односот помеѓу бабите и внуците, покажуваат и следниве цитати.
„Релацијата на бабите со своите внуци е едноставна. Бабите кратко критикуваат и долго љубат.“ – Непознат автор
„Бабата и дедото се чудесна мешавина од смеа, грижливи постапки, преубави приказни и љубов.“ – Непознат автор
„Нашите внуци не’ прифаќаат онакви какви што сме, без прекорувања или желба да нѐ променат, онака како што никој во нашите животи досега не го направил тоа, ниту нашите родители, браќа и сестри, сопружници, пријатели, ниту пак нашите сопствени деца.“ – Рут Гуд
„Внуците го пополнуваат просторот во вашето срце, оној што никогаш не сте знаеле дека е празен.“ – Непознат автор
„Покрај мајката, најдрага е бабата. Најпослушни деца се оние што имаат баби и дедовци“.
„Баба – прекрасна мајка со многу искуство.“ – Непознат автор
„Бабата и дедото се луѓе со сребро во косата и злато во срцето.“ – Непознат автор
„Бабата е еден од најдобрите примери за следење“.