MAMA

Коментар кој НЕ сака да го слушне ниедна мајка: „Зар ќе останеш само со едно дете?“

Ако имате само едно дете, веруваме дека ви било поставено прашањето: Кога друго?

Иако кај нас е многу често, сепак, не е културно да прашувате некој кога планира второ дете. Дури и кога тоа го кажувате како шега, па ѝ се насмевнувате на мајката која и онака е уморна зашто не спиела поради детето кое три дена има температура.

„Чекај кога ќе имаш второ дете, едно како ниедно“, познато ви е?

Зошто секогаш да се настојува да се има второ дете? Зар мајката која има само едно не е доволно добар родител? Зар тоа дете не е доволно? Кога точно се станува родител, кога ќе се има три деца? Има ли некој скала по која се мери родителството?

Како би се чувствувале кога некој кој има десет деца, би ви рекол: Зар имате само две? Ќе изгледате ли сиромашно во туѓите очи? Една мајка ја раскажува својата приказна после која веруваме дека ќе се замислите.

Нашето дете, она единственото, дојде на свет после нашиот осми обид за оплодување. И по неколку спонтани абортуси. Па, кажи ми дека моето дете е едно како ниедно, но колку и да се шегувате, мене не ми е воопшто духовито. Можеби некому е, но мене не.

Се ужаснувам кога ќе се присетам на сите тие надевања дека ќе го прошириме своето семејство, сите тие солзи и разочарувања.

Ставете се во ситуација со години да се обидувате да добиете едно дете и некој иде добронамерно и индиректно ви вели дека треба да родите уште едно… Во мојот случај тоа е невозможно. Што да правам со вашите симпатични коментари за едно дете кое кутрото нема да има ни братче ни сестричка?

Знам дека луѓето немаат лоши намери кога ми го поставуваат ова прашање. Исто така знам деканемаат ни трошка култура за да ја задржат таа љубопитност во себе и да не влегуваат во туѓа постела. Смислете нешто друго и разговарајте на овие теми со вашите блиски, сестра, пријателка, роднина.

Сосема е во ред да имате едно, две или десет деца. Ако мислите дека сте подобар родител ако имате повеќе деца од некој друг, тогаш целосно грешите. Животот и успехот не се мерат со она кој родил повеќе деца, дали детето е машко или женско, дали проодело на десет или петнаесет месеци.

Многу деца не се зачнети намерно, полот на децата не може да се избира, ниту пак кога детето ќе ги направи првите чекори. Да се гордеетее со сето ова, навистина нема смисла.

Дали сте или не сте добар родител, ќе видите кога детето ќе има 10, 18 или 30 години. Можеби она женското, она „едно како ниедно“ ќе биде подобар од нечии три сина. Којзнае!

Бенефитите од имањето едно дете

Да се биде родител само на едно дете, има повеќе бенефити, а неколку од нив ви прикажуваме во продолжение.

Покреативни деца

Помислата дека самите деца ќе бидат осамени или ќе се досадуваат не е точно. Тоа, всушност, може да доведе до покреативна игра.

Пружење подобри можности за во иднина

Освен понатамошно подобро образование, родителите ќе може повеќе да му дозволат на детето во смисла на посета на повеќе настани, градови, прошетки, екскурзии, а со тоа да му овозможат поголеми искуства.

Помали трошоци

Покрај храната, негата и здравјето, тука се и трошоците за образованието кои се многу високи. Некои родители се одлучуваат да имаат само едно дете бидејќи сметаат дека така ќе можат да му го пружат најдоброто во финансиска смисла. И тоа е во ред.

Родителите ќе имаат повеќе време за себе

Со само едно дете, родителите можат да истражуваат други области од животот што може да доведе до поголема среќа. Тие ќе имаат повеќе време за себе, а со тоа ќе ги намалат своите нервози и попозитивно ќе влијаат на своето дете.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close