Дом и семејство

Драг мажу, твојата зависност од телефонот навистина му пречи на нашето семејство

Писмо од една мајка која го моли сопругот барем на кратко да се тргне од телефонот.

Постојано се грижиме за тоа какво влијание ќе има телефонот врз развојот на нашето дете. Меѓутоа, помалку се зборува за тоа декап ретерано го користиме мобилниот телефон ние како родители, при што тоа влијае на односот со нашите деца. Ви прикажуваме едно писмо од една мајка која го моли сопругот барем на кратко да се тргне од мобилниот телефон.

Драг мажу,

повторно нашата ќерка се обидуваше да ти покаже како нејзината кукла прави јога, но ти не го виде тоа зашто гледаше во мобилниот телефон. Те разбирам, со мобилниот телефон се опушташ на крајот од долгиот ден. И јас би гледала во Инстаграм, наместо во ќерката која по не знам кој пат се спушташе низ тобоганот. Знам дека мобилниот те забавува, но мислам дека не сфаќаш што пропушташ.

Овие мали, навидум безначајни моменти кои се случуваат додека ти гледаш во телефонот, повеќе никогаш нема да се вратат.

Кога бевме сами, беше поинаку, а сега е поинаку. Сега сум тажна поради нашата ќерка. Тажна сум и поради тебе. Не сакам еден ден да се свртеш и да сфатиш колку си пропуштил зашто главата постојано ти била долу, во мобилниот. Не сакам да жалиш поради тоа што ментално не беше со нас кога ние сите бевме заедно. Не сакам еден ден да го подигнеш погледот и да видиш пораснато девојче на кое веќе ѝ е сеедно колку внимание ќе ѝ обрнеш.

Нашата ќерка нема секогаш да биде тоа палаво дете со фатена коса. Ова време е многу кратко!

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close