Дом и семејство

Луна зборуваше за БРЕМЕНОСТА и полот на бебето па се расплака поради ова- “Сите ми велат “…

Се чувствува среќно...

Ријалити ѕвездата Луна Џогани и нејзиниот сопруг Марко Миљковиќ го очекуваат своето второ дете, а блогерката сега призна и кој најмногу се радува на приновата, како и дека има одредени желби кога станува збор за тоа на кого ќе личи детето.

фото инстаграм/Луна Џогани

Како што неколку пати кажа, нивната прва ќерка Миа е копија на тато, па поранешната ријалити ѕвезда сака второто дете да личи на неа.

фото инстаграм/Луна Џогани

Луна опишала како се чувствува во најдобрите денови и открила дали има мачнини во бременоста.

фото инстаграм/Луна Џогани

– Се чувствувам одлично, сите ми велат дека сум посмирена и помила за време на бременоста. Имам чудна и убава енергија. Така и открив дека сум бремена, тоа го почувствував во себе – рекла Луна.

фото инстаграм/Луна Џогани

“Јас сум многу понормална, помирна, кога сум бремена. Кога не сум, тогаш сум “драма кралица”, хистерична… Луѓето ми кажуваат дека сум слатка, мила. Мирисите ми пречат, јас тоа го забележав, не јадам месо, не јадев ниту во првата бременост. Да, ми се гади, тогаш сфатив дека нешто се случува“, изјави Луна во емисијата „Ами џи шоу“.

Фото Инстаграм/Луна Џогани

Пред да дознае дека е бремена, била на патување во Америка, додека нејзината ќерка Миа ја чувале баба ѝ Анабела и сестрата на Луна, Нина.

Фото Инстаграм/Луна Џогани

– Нина беше најсреќна, плачеше. Така реагираше и првиот пат, па еве и сега. И тато и мама се среќни, сите се среќни за мене. Со нетрпение чекаат да добијат уште едно внуче – рекла Луна.

фото инстаграм/Луна Џогани

Како што вели, сите мислат дека второто дете ќе биде машко, а таа додава дека единствено и е важно детето да е живо и здраво и дека не и е грижа кој пол ќе биде.

фото инстаграм/Луна Џогани

– Она што би сакала е малку да личи на мене, а не да бидам само како инкубатор – изјавила Луна за „Пинк“.

фото Инстаграм/Луна Џогани

Инаку ќерката на Анабела и Гаги Џогани, младата јутјуберка Луна Ѓогани, откри и детали од приватниот живот со нејзиниот сопруг Марко Миљковиќ.

Фото Инстаграм/Луна Џогани

Имено, Луна ја прашале кој е најсреќниот, а кој најтажниот момент во нејзиниот живот. Таа ги изненади сите кога ги спомна нејзините родители.

Фото Инстаграм/Луна Џогани

Дефинитивно бев најсреќна кога ја добив ќерка ми, тоа е најубавото чувство на светот, не може да се опише“, изјави Луна во емисијата „Ами џи шоу“.

фото Инстаграм/Луна Џогани

„Имаше повеќе тажни моменти, а најтешко ми беше кога моите родители се разведоа. Тоа е нешто што никогаш не минува, кога ќе размислам, секогаш е истата тага. Се помирив со тоа, се разбира, како секој што поминал низ тоа, но јас останав со фактот дека ми е жал што не е така како што сакав“, призна Луна и додаде:

Фото Инстаграм/Луна Џогани

Недостасува тоа семејство заедно, посакувам да го имав тоа“, завршила Луна.

фото инстаграм/Луна Џогани

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close