MAMA

Допирање на стомакот на трудницата: Во оваа држава тоа е забрането со закон

Ако трудницата не дозволи допирање на стомакот, тоа е со закон забрането.

Во американската сојузна држава Пенсилванија, постои закон според кој е забрането допирање на стомакот на трудницата, без нејзина дозвола.

Ах, бременост. Време кога се случуваат чуда. Време за возбуда. Време за чудни странци кои мислат дека сосема прифатливо е да ја стават раката на вашиот стомак.

Се чини кога на трудницата стомакот ќе ѝ стане видливо голем, нејзиното тело престанува да биде само нејзино. Одеднаш, тоа е јавно добро, а секој, од продавачите во супермаркетите до директорите не само што имаат мислење за тоа што треба да се јаде, колку да се одмара и како да се роди детето, туку исто така чувствуваат дека имаат право да го допираат стомакот на идната мајка. Но, во Пенсилванија донесен е закон според кој е забрането допирање на стомакот на трудницата, без нејзина дозвола.

Овој закон нема да биде едноставен за спроведување, освен ако не носите лисици со себе и да се „спасите“ додека не пристигне полицијата на местото на случување. Но, има надеж дека сето ова ќе биде како некој вид кампања за подигање на јавната свест.

Колку пати сте се соочиле со ваква ситуација? Што мислите, дали овој закон би помогнал и кај нас?

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close