Дом и семејство

Три вида дамки кои најлесно се отстрануваат со паста за заби

Дознајте пет многу интересни и корисни начини за користење на паста за заби кои ќе ви го олеснат животот.

Против дамки од боја за коса

При бојадисување на косата во домашни услови, пастата за заби може да биде многу корисна. Нанесете малку паста на памучна крпа и со неа истријте ги дамките од фарбата на кожата. Доколку пак сакате да спречите појава на дамки, намачкајте ги краевите на кожата до косата со паста и тогаш започнете со бојадисување. Пастата за заби ќе направи „филм“ на кожата и нема да дозволи бојата да биде впиена и да се создаваат дамки.

Против дамки на ѕид

Секој што е родител многу добро знае како изгледа кога децата својата креативност со креда или фломастер ќе ја искажат врз ѕид, а истото важи и за трагови од чевли. И во овој случај пастата за заби ќе го реши проблемот. Нанесете малку паста на памучна крпа или мекана четка и истријте ги дамките на ѕидот. Пастата ќе ги тргне траговите.

За чистење на дамки на гума од патики

На нови патики, уште по првото носење ќе забележите дамки, особено ако имаат бела гумена ивица. И во овој случај пастата за заби е вашиот најголем сојузник. Нанесете малку паста на старата четка за заби и со неа истријте ја гумата од патиките. Со влажна крпа избришете ја пастата и дамките ќе исчезнат.

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close