Градинка

Чувајте го здравјето на вашите деца: Еве како правилно да го користите клима уредот

Понекогаш клима уредот едноставно е неопходен...

Веќе сме во период кога имаме летни горештини и сигурно повеќето од нас посегнуваат по клима уредот, наместо да ги трпат летните горештини. Нема причина да не го климатизирате просторот во кој престојува и вашето дете. Но, за детето да нема здравствени проблеми при користењето на клима уредот, потребно е да почитувате неколку важни правила.

Проверете ја исправноста на клима уредот

Најдобро би било редовно да ги извршувате препорачаните сервиси, пред да дојде до проблеми. Ако почувствувате необичен мирис или слушнете необичен звук на моторот на клима уредот, потребно е веднаш да ја исклучите и да ги извршите потребните поправки.

На почетокот на сезоната

Потребно е да ја исчистите или да ги замените филтрите на клима уредот. Ако тие се валкани, на нив се размножуваат бактерии и габи, кои потоа се шират во вашиот дом.

Подесете пријатна температура

Правило е температурната разлика во однос на надворешната средина да не биде поголема од пет до седум степени. Ова правило е тешко да се изведе ако надвор е 40 степени. Во тој случај подесете ја температурата која ќе одговара на сите.

Не излегувајте одеднаш со детето од климатизираната просторија

Големите и брзи промени се шок за секој организам, па и за детето. Ако излегувањето е планирано, исклучете го клима уредот барем петнаесетина минути порано. Ако сте во брзање, задржете се во ходникот макар пет минути. Истото важи и за влегување во разладена просторија.

Водете сметка клима уредот да не дува директно во детето

Подесете го апаратот така што никој нема да биде изложен на директно струење на ладниот воздух.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close