MAMA

Брзо и лесно пресметајте колку часови сон сте изгубиле откако станавте мајка

Мајчинството значи многу малку спиење, или воопшто неспиење...

Се сеќавате ли кога последен пат добро се наспивте? Да си легнеш кога ќе ти се спие, да се разбудиш од кревет кога тоа ќе го сакаш ти… барем за викенд. За речиси сите мајки ова е останато во минатото.

Родителството, иако е прекрасно, одзема контрола над сопствениот живот, односно распоредот на станување и легнување. Веруваме дека на секоја мајка ѝ недостига сон, а честопати родителите се прашуваат колку малку спијат откако имаат малечко бебе во својот дом.

Хиларис, британска продавница, направила калкулатор за изгубен сон во кој компјутер пресметува колку сон изгубле родителите во текот на годините. Ако ве интересира и вас, тогаш можете да пресметате овде.

Внесете ги годините и месеците на вашето дете во калкулаторот и многу лесно ќе ги добиете резултатите. Кога ќе проверите колку месеци, односно денови или часови не сте спиеле, може да добиете мотивација веднаш да легнете и да се одморите.

Ова нема да ви се допадне ако сте моментално ненаспиени и хронично ви фали сон. Но, сите тие изгубени часови вредат и тоа многу, зашто да се биде родител е нешто непроценливо, дури и ако си исцрпен и на „работ на лудилото“.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close