Кафе муабет

Бог никогаш не доцни: Во животот се’ се случува со причина и во вистинско време

Работите во животот се случуваат во моментот кој е најдобар за тоа.

Никој од нас не може ни да претпоставу што ни носи наредниот ден. Божјите планови му се познати само нему. На нас останува секој ден да го искористиме максимално и да уживаме во она што најмногу можеме.

Толку сме опседнати со проблемите, при што речиси никогаш не издвојуваме време за да се помолиме и да му се заблагодариме на Бог за се’ што имаме во овој момент. Луѓето се насочени на она негативното и никогаш не наоѓаат време да му се заблагодарат на животот за доброто што им се случува. Таква е природата на човекот. Кога се’ му е во ред, тогаш заборава на Бог.

Пред одење во кревет, попрво би гледале фотографии на социјалните мрежи, ќе читаме трачеви за холивудските ѕвезди, но не наоѓаме време за она најважното…

Во оној момент кога ќе ни се случи некоја неволја, се сетуваме на Бог. По правило, човекот се свртува кон религијата тогаш кога ќе му надојде некој проблем. Кога ќе ја изгуби работата или некој близок ни е болен. Во ситуациите кога не знаеме како понатаму, се свртуваме кон Бог…

Но, кога плановите почнуваат да се рушат, почнуваме да се сомневаме во Бог, но тој никогаш не греши. Тој само ги прави вистинските работи во вистинско време. Без оглед на тоа колку силно се трудиме да ги испланираме саканите случувања, се’ има свое време. Кога ќе го прифатите овој факт со душа и срце, животот ќе ви стане полесен.

Вистинското време не е она кога вие сте планирале, туку она кое ви е судено. Прифатете го фактот дека никогаш работите нема 100% да се одвиваат според вашиот план и верувајте во Божјиот совршен план. Јасно е дека треба да се борите за целта и не да седете и да го чекате вистинското време, но во случај на неуспех, треба да зајакнете, да бидете трпеливи и да продолжете понатаму.

На крајот секогаш ќе го добиете она што сте го заслужиле и тоа во оној момент кој е најдобар за вас.

Цитати од Библијата за надеж и сила

Во продолжение прочитајте и неколку преубави и мудри цитати од Библијата за кои сме сигурни дека ќе ви се допаднат.

Бидете радосни во надежта; во маката бидете трпеливи, а во молитвата постојани.

Еден спрема друг бидете добри, сочувствителни, проштавајќи си еден на друг, како што и Бог ви прости во Христа.

Пред сè, имајте силна љубов помеѓу себе, зашто љубовта покрива мноштво гревови.

Благословувајте ги оние што ве навредуваат!

Бидете будни и молете се, за да не паднете во искушение: духот е бодар, но телото е слабо.

Барајте и ќе ви се даде, барајте и ќе најдете, чукнете и ќе ви се отвори, бидејќи секој кој сака добива, и кој бара наоѓа, и на оној што чука – ќе му се отвори.

Така треба да свети пред луѓето и вашата светлина, за да ги видат вашите добри дела и да го прослават вашиот Отец небесен.

Кој не љуби, не го запознал Бога. Затоа што Бог е љубов.

И кога стоите на молитва, проштавајте, ако имате нешто против некого, па и вашиот небесен Отец да ви ги прости вашите гревови.

Како што сакате луѓето да ви прават вам, така правете им и вие на нив.

Молете се постојано!

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close