Кафе муабет

,,Му благодариме на Бога што се’ оди во најдобар ред’’- ПЕЈАЧКАТА МИМИ И СОПРУГОТ ФИЛИП ОЧЕКУВААТ СИН

Пејачката наскоро ќе стане мајка...

 

Младата македонска пејачка – велешанката Мими и нејзиниот избраник Филип при крајот на август се заколнаа на вечна љубов во црквата Св. Димитрија во Скопје, а фотографии од нивната свадба се уште се вртат на социјалните мрежи.

            Фото: Инстаграм /Мими Јовановска

Младата пејачка која со својот глас ги воодушеви сите додека се натпреваруваше во популарното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ изгледаше како принцеза на свадбата, а најубавиот момент беше кога невестата го зеде микрофонот и ја испеа песната што задно со Филип ја направиле специјално за овој посебен ден во нивните животи.

      Фото: Инстаграм /Мими Јовановска

Младите музичари решија својата врска да ја крунисаат со брак, а на нивната свадба покрај семејствата и пријателите присуствуваа и голем број колеги од естрадата.

      Фото: Инстаграм /Мими Јовановска

Мими која што се прослави во „Ѕвездите на Гранд“ каде никого не остави рамнодушен со својот талент, неодамна сподели убава вест за нејзинитње фанови и следбеници на социјалните мрежи.

      Фото: Инстаграм /Мими Јовановска

Имено, пејачката е бремена и го очекува своето прво дете.

      Фото: Инстаграм /Мими Јовановска

За Репортер пејачката открива дека е веќе во седмиот месец од бременоста и дека со сопругот Филип се многу возбудени за бременоста.

      Фото: Инстаграм /Мими Јовановска

„ Од кога дознав до овој момент поминаа 30 недели и ја носам радоста наша. Му благодариме на Бога сите овие недели поминаа во најдобар ред и ни остана уште малку време до запознавањето со нашиот син. Работно бев активна на сцена до пред една недела. Сега доаѓа период каде што ќе одморам малку и ќе соберам сила за новиот начин на живот што следи“,  открива Мими Нуне во разговор за „Репортер“ .

      Фото: Инстаграм /Мими Јовановска

Инаку, јавноста ја запозна Мими како ,,ѕвезда’’ на Гранд, а Филип како трубач на познатиот бенд ,,Нуне брадарс’’.

      Фото: Инстаграм /Мими Јовановска

Шармантната Мими Јовановска го освои целиот Балкан со својот извонреден глас, но и изглед таа ги освои публиката и жирито уште на првиот нејзин настап, а најмногу нејзиниот ментор Џенан Лончаревиќ.

      Фото: Инстаграм /Мими Јовановска

      Фото: Инстаграм /Мими Јовановска

      Фото: Инстаграм /Мими Јовановска

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close