MAMA

Бидете внимателни: Овие коментари најмногу ги нервираат бремените жени

Ако очекувате бебе, сигурно имате слушнато прашања кои ужасно ве нервираат.

Сите знаеме дека бремените жени имаат чести промени во расположението, а понекогаш и ситниците може да ги изнервираат. Една мајка на решила да сподели кои коментари најмногу ѝ пречат, а веруваме дека повеќето трудници ќе се пронајдат во нив.

Планирана ли е твојата бременост?

Зар вреди да се даде каков било одговор на ова прашање?

Зошто постојано си уморна?

Грижата околу куќата, домот, семејството… едноставно не е за потценување. А секако, внатре во жената расте и друго суштество, зар тоа не е доволно?!

Имаш момче и сега очекуваш девојче? Навистина имаш среќа!

Зошто треба да се подразбира дека секој родител сака да има деца од различен пол? Некои мајки едноставно тежнеат кон момчиња и обратно!

Големата разлика од едното до другото дете ќе ти претставува потешкотија

Да, можеби 6-7 години разлика помеѓу децата е многу, но да не заборавиме дека постојат и огромни предности.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close