Кафе муабет
Бидете љубезни – нема да ве чини ништо, а ќе добиете МНОГУ
Не штедете на убави зборови, ширете љубов.
Ширете позитивни емоции каде и да се појавите, затоа што на светот му се потребни повеќе такви луѓе. Да се биде љубезен не чини ништо, а може да донесе многу. За љубезноста не ви се потребни пари, ни голем труд. Убавиот збор може да отвори и железни врати – вели една поговорка.
Љубезноста во денешно време стана многу ретко, при што честопати сме збунети кога некој е добар кон нас и е подготвен да помогне, да не’ сослуша или да ни даде некој совет. Иако ова би требало да биде нормално, во денешно време многу вредности се изгубени. Можеби би требало почесто да се запрашуваме себеси како се однесуваме кон другите луѓе.
Љубезноста може навистина многу да донесе. Луѓето многу повеќе ги ценат оние кои се пристојни, од оние кои се однесуваат надмено и мислат дека другите не се вредни. За да изградиме подобро место за живот, неопходна е љубезноста.
Децата уште од најрана возраст би требало да ги учиме колку е важен убавиот збор. Тоа не значи дека треба да ги научиме кога да се заблагодаруваат или извинуваат, туку кога го изговараат тоа, навистина и да го мислат.
Најмладите ги учат навиките од своите родители, затоа, бидете им добар пример, затоа што така ќе израснат во луѓе кои ги сакаат луѓето подеднакво, а со самото тоа ќе се здобијат со пофалби од другите.
Надмените луѓе не поминуваат добро во животот, а со таквото однесување најмногу си штетат самите на себе. Непристојноста не се цени во ниту еден дел од светот и така не се станува успешен во ниту една сфера во животот. Таквите луѓе во себе всушност кријат одредена доза незадоволство, тага и без и не дозволуваат да гледаат подалеку од својот нос. Таквото однесување е некој вид одбранбен механизам, затоа, не треба многу да им дозволувате да ви влијаат во животот.
Љубезноста не е само важна животна лекција која можеме да им ја пренесеме на нашите деца, туку и многу повеќе од тоа. Таа е стил на живот. Стил со кој се обидуваме на другите да им покажеме дека светот може да биде многу поубаво место за живеење!