Дом и семејство

Бабите и дедовците се мешаат во воспитувањето на децата: Како да се поставите?

До конфликти доаѓа кога бабите и дедовците ја преземаат улогата на родителите.

Психологот Наталија Станкович објаснува дека до конфликти доаѓа кога бабите и дедовците ја преземаат родителската улога, а на родителите им се советува преку отворен разговор јасно да им кажат на бабите и дедовците што очекуваат од нив.

Секако, улогата на бабите и дедовците е многу важна во животот на родителите и нивните деца, а нивната помош честопати е незаменлива. Но, што кога тие сакаат да ја преземат родителската улога и самите донесуваат одлуки кои директно влијаат на внуците? Ваквите конфликтни ситуации се особено тешко ако родителите делат ист дом со бабите и дедовците, па невозможна е физичката одвоеност.

Треба да биде јасно дека родителите треба да донесуваат одлуки поврзани со детето и тие ја имаат главната улога во неговото одгледување. Ако бабите и дедовците ја преземаат таа улога, најчесто доаѓа до конфликт кој не придонесува кон здрав развој на детето, советува психологот.

Како да се поставите кон бабите и дедовците?

Понекогаш, бабите и дедовците поради голема желба да помогнат, го прават тоа на начин кој на родителите можеби и не им одговара. Со јасно изразени очекувања и секако благодарност за желбата да помогнат, конфликтот може да биде успешно решен. Ако не постои добра волја за да се реши конфликтот, понекогаш единственото решение е дизичката одвоеност. Ако постојат личности кои се блиску до детето и не ги поддржуваат родителите, тогаш потребно е дистанцирање, вели психологот.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close