Дом и семејство

Дали можам да ја искористам полисата за животно осигурување ако ми требаат пари?

На прашањето на нашата читателка одговори Јасминка Стојановска, лиценциран застапник за Осигурување во Македонија.

Фото: Илустрација

Ако имате прашање поврзано со сите типови (животно и неживотно) осигурување, слободно поставете го на нашите стручни лица кои се професионалци во оваа проблематика. Повеќе за ова можете да дознаете тука.

ПРАШАЊЕ

Пред неколку години направив полиса за животно осигурување. Дали можам некако да ја искористам ако ми требаат пари?

 

ОДГОВОР

Ако во моментов немаме потреба од поголеми парични средства, никој не знае што му носи утрешниот ден. Поголеми средства се потребни за школување на децата, ако планираме да купиме стан или да го реновираме, да купиме нов автомобил, ако сакаме да отвориме некој бизнис и сл. Доста често се случува во такви моменти да немаме доволно средства на располагање, или пак да немаме доволно покритие за да подигнеме кредит.

Во вакви ситуации на финансиски потреби на располагање ви се следните опции:

Позајмица од полисата за животно осигурување ни овозможува во случаи на итна потреба од финансии, од Осигурителната компанија да позајмиме одреден износ а притоа и понатаму да бидеме осигурани и да не се откажуваме од полисата. Износот кој можете да го подигнете зависи од неколку фактори – колку години сте уплаќале, колкава е годишната премија, … но секако овие информации можете да ги проверите во Осигурителната компанија.

Да се осигураме или не – дали ни е потребна полиса за животно осигурување?

Откуп на осигурување е всушност предвремен прекин на договорот и подигнување на моментално расположливите средства. Ова секако е најнеповолната варијанта на решавање на финансиските проблеми, а посебно во првата третина од траењето на договорот.

Винкулација на полиста за животно осигурување е всушност залог на полисата во некоја банка со која склучуваме договор за подигнување на кредит.

На тој начин ја зголемуваме нашата кредитоспособност што ни овозможува поголема сума која би ја подигнале, или пак подобри услови за подигнатиот кредит. Банките во наредните години ќе го постават ова како еден од условите клиентите воопшто да можат да подигнат кредит, бидејќи на овој начин постигнуваат поголема сигурност при отплатата на истиот. Од друга страна пак и клиентите имаат голем бенефит бидејќи на овој начин го растеретуваат семејството, како прв жирант според законите во Р.М., да ги наследи долговите по основа на кредитот ако на носителот на кредитот му се случи смрт.

По една добра причина зошто на сите ни треба животно осигурување

Право на активирање на било која од горенаведените опции се стекнува после завршувањето на третата година од вашиот договор, ако до тогаш редовно сте ги уплаќале годишните премии.

Во зависност од периодот кој поминал од почетокот на договорот, од средствата кои ги уплаќате, од вашите потреби, решенијата можат да бидат различни. Секогаш кога имате потреба од финансии, консултирајте се со стручно лице кое ќе ви помогне да го изберете најсоодветното решение за вашата ситуација.

 

Јасминка Стојановска, лиценциран застапник за осигурување

Вашите прашања испраќајте ги на нашата редакциска адреса: info@stipka.com.mk

Напомена: Одговорите на нашите стручни лица се исклучиво од информативна природа, а за сите подетални информации во врска со оваа проблематика слободно обратете се на нашата е-маил адреса или на телефонскиот број +389 76 317 930.

Поставете го вашето прашање, тука сме да ви помогнеме!

 

 

 

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close