Дом и семејство

5 растенија кои ќе ја спасат вашата градина од бубачки и инсекти

Сакате да уживате со шолја кафе во дворот или градината, ама ви досадуваат комарци, муви, инсекти? Еве што треба да направите

gradina

Едноставно тоа е неизбежно – штом ќе седнете да уживате во градината, иритирачкото зуење на некој инсект се приближува. Вашата надеж за уживање во шолја кафе во дворот, градината или поплоченото двориште брзо исчезнува додека се обидувате да се спасите од бубачките. За жал, не постои такво нешто како градина без штетници, но постојат некои видови растенија, особено билки, кои на инсекти не им се премногу мили. Значи, доколку сакате да се обидете да се спасите од досадните штетници, ставете неколку од овие растенија во саксии и стратешки распоредете ги околу градината или поплоченото двориште (пацио). Е, дури потоа подгответе се да уживате на отворено без досадното зуење на бубачките, инсектите, мушичките…

#1. Лаванда

gradina1lavanda

Благотворната, омилена со векови лаванда ги одбива молците, комарците и многу други инсекти. Иако маслото од ова цвеќе е ефикасно против комарци, самото растение може да ве варди од несакана инсекти. Кога ќе ги распоредите растенијата лаванда низ целиот ваш двор, не заборавајте да ставите едно во близина на вратата за да ги спречи обичните муви да влезат внатре.

#2. Хризантеми

gradina2hrizantemi

Светлите цветови на хризантемата содржат пиретрум, кој често се користи во инсектицидите и во шампоните за кучиња. Оваа хемикалија може да убие и одврат мравки, крлежи, болви, пајачиња, лебарки, јапонски бубачки, па дури и бубачки во креветот. Оваа карактеристика ги прави хризантемите задолжителни придружници во зеленчуковите градини, но саксии полни со шарени хризантеми се, исто така, добредојдени во било кое место за седење под на отворено.

#3. Босилек

gradina3bosilek

Вкусен за јадење, босилекот, исто така, одбива комарци и обични муви. Ставете неколку саксии босилек низ градината или дворот каде што сакате да се опуштите. Можете дури да го користите за да направите свое природно средство против инсекти така што ќе ставите 100 грама превриена вода во сад и ќе додадете грст лисја и стебленца. Оставете мешавината да отстои неколку часа, процедете ја, а потоа додадете околу 100 грама евтина вотка. Претурете ја мешавината во шише со распрскувач и користете ја секогаш кога сте на отворено.

#4. Невен (џунџуле)

gradina4neven

Комарците и мушичките го мразат мирисот на невенот, но овие весели цветови се омилен кај градинарите. Одгледуван како годишно растенија, невенот претпочита многу сонце и сува почва. (Внивавајте: Ако го засадите во сенка, невенот може да мувлоса.) Стратешки распоредете ги саксиите со невен во зеленчуковата градина или во саксии околу поплочениот двор да ве чуваат од разни инсекти.

#5. Петунии

gradina5petunii

Не само што се убави, со пријатен мирис, туку петуниите, исто така, природно фаќаат различни инсекти, вклучувајќи ги и јапонските бубачки, мушички, скакулци и многу други. Насмеаните растенија имаат лепливи влакненца кои, всушност, ги фаќаат инсектите, а корените ги апсорбираат хранливите материи од органите на пленот. Иако петуниите претпочитаат многу сонце, саксија од овие раскошни цвеќиња ќе користи доста добро ако ја поставите на маса во вашата градина.

 

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close