Новости
Потребни сме и на Александра од Велес: Боледува од епилепсија, парите од социлајно ги дава за кирија, сама се грижи за синот, нема ниту за храна, ниту за лекови – ДА ПОМОГНЕМЕ за Никола да има живот каков заслужува секое дете
Добро луѓе потребни сме овде...
Александра Тасеска од Велес заедно со десет годишниот син Никола, едвај преживува од месец за месец со само пет илјади социјална помош, кои не стасуваат ниту за храна, ниту за лекови, ниту пак за школување на Никола.
Во телефонски разговор за нашиот портал Гламур.мк, Александра посочи дека за престојните празници потребни и се јајца за вапцање, храна, облека за неа и Никола, за да можат и тие како и сите останати да се израдуваат на овој голем христијански празник.
Таа е самохрана мајка од Велес, која минатата година доживеа мозочен удар а сега полека се опоравува. Боледува од епилепсија, вели: Не сум работоспособна.
Додека работела успевала да ги покрие трошоците но сега, кога живее само од социјално вели дека е многу тешко.
Таа нема ниту свој дом живее под кирија која ја плаќа од скромните примања па вели:
-Потребно ми е една собичка за живеење доколку сака некој да ми даде да живеам барем да не плаќам кирија, земам социјално пет илјади а толку ми е киријата, за ништо не останува.
Неопходни се храна, хигиенски средства, облека, има заостанат долг од една сметка за струја кој неможе да го плати сама со 5000 денари кои ги зема како социјална помош.
Добри луѓе да помогнеме на оваа самохрана мајка, борец за својот син Никола, да ги помине празниците достоинствено, да донираме онолку колку што можеме за Никола да има живот каков што заслужува секое дете.
Сите кои сакате да ја исконтактирате Александра може да ја контактирате на телефонскиот број: 076 856 882. Таа и Никола ќе ви бидат многу благодарни…