Бебе

Холивудската актерка стана мајка- роди близнаци на 48-години а сега покажа како се снаоѓа во новата улога

Таа е пресреќна...

На 48 години двократната оскаровка Хилари Свонк се оствари во улога на мајка.

фото инстаграм/Хилари Свонк

Таа минатата година воодушеви многумина која ја сподели веста дека на 48 години ќе стане мајка на близнаци.

фото инстаграм/Хилари Свонк

Хилари на својот Инстаграм профил редовно споделуваше фотографии од бременоста, а сега ги воодушеви обожавателите со објавата дека родила здрави бебиња.

фото инстаграм/Хилари Свонк

– Не беше лесно, но вредеше. Среќен Велигден. Објава од чистиот рај, напиша таа во описот на  фотографијата на која ги држи новороденчињата во раце додека го гледа зајдисонцето. Актерката засега не ги открива имињата на децата.

фото инстаграм/Хилари Свонк

За потсетување, Свонк и претприемачот Шнајдер се венчаа во август 2018 година. Тие направија тајна церемонија а имаа романтична свадбена прослава во шумата на Националниот парк Редвуд во Калифорнија.

фото инстаграм/Хилари Свонк

Оскаровката ги воодушеви сите кога во гостувањето во емисијата „Добро утро Америка“ откри дека ќе стане мајка на близнаци.

фото инстаграм/Хилари Свонк

“Ова е нешто што долго го чекав, следното нешто што ќе ми се случи е да станам мајка. И тоа не на едно дете, туку на близнаци”, изјави Хилари Свонк и додаде дека е пресреќна за тоа, пренесува „Pagesix“.

фото инстаграм/Хилари Свонк

„Се чувствувам одлично во моментов, но мојата облека почнува да се чувствува тесно“, се пошегува актерката, а потоа додаде: „Ова е голем благослов, апсолутно чудо. Неверојатно е“.

фото инстаграм/Хилари Свонк

Таа истакна дека сака деца и дека мајчинството и е многу важно.

фото инстаграм/Хилари Свонк

“Тоа беше сон од соништата, да се омажам за човекот од моите соништа покрај сите луѓе кои нè сакаат. Тоа беше остварување на сонот”, изјавила актерката во една прилика за венчавката со Филип.

фото инстаграм/Хилари Свонк

Таа е двократна оскаровка, престижната награда и ја донесоа главните улоги во филмовите „Девојка од милион долари“ и „Момчињата не плачат“ во 2004 и 1999 година. За овие актерски достигнувања и беше доделен и Златен глобус.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close