Бебе

Фотографијата која ја покажува радоста на еден нов живот и загубата на друг

Малата Лета завиткана во розево ќебе која лежи покрај празна сина постела ...

Сликата што ја прикажува малата Лета завиткана во розево ќебе која лежи покрај празна сина постела е симбол на радоста на еден живот и неверојатна загуба на другиот .

За Хедер Бауман – кој со години одел низ третман на медицинско потпомогнато оплодување за да има дете како самохрана мајка – тоа е слика и симбол за постигнување на невозможното.

„Моето патување беше долго” , изјави таа за „PopSugar“. “„Додека се приближував кон 36-тата година, јас бев сама, а мојот сон беше секогаш да бидам мајка. Не бев подготвена да се жртвувам и да не се реализирам како мајка бидејќи немам сопруг “.

Таа претрпе абортус во 2017 година, а неколку месеци подоцна забременила со близнаци, кои ги загуби во 16-тата недела . По извршените бројни тестови, нејзините лекари открија дека е дел од еден процент од женската популација со матка наречена „unicornuate uterus” – таа е родена само со половина матка, еден јајник и една фалопиева туба.

„Дијагнозата беше застрашувачка за мене, но мојот лекар беше апсолутно убеден дека можам да останам бременоста и до крај да го износма детето , рече таа. Пред ИВФ, Хедер помина четири оплодување . Кога дознала дека била бремена, била вознемирена. Кога открила дека е бремена со близнаци, таа беше разбирливо исплашена дека нема да преживеат.

Во 17-недела бременост, лекарите од ултразвук не можеа да го најдат срцето на нејзиниот син. Беше уништена и загрижена одеднаш. „Морав да ја разделам мојата тага за да останам позитивна за мојата ќерка. Мораше се да биде во ред“ се тешеше оваа мама. За среќа, во февруари, во 36-тата недела, таа го слушна крикот на Лет и тоа беше „најголемото олеснување што го имала во целиот нејзин живот”.

Кога се договарала со фотографката Џесика Јанг да ја фотографира нејзината ќерка, таа и ја раскажала својата приказна. Џесика и кажала дека има прекрасна идеја со која ќе ја покаже нивната двојна врска ако сака.

Хедер се натажила кога започна фотографирањето. особено кога ги здогледала ангелските крилја.

„Не можев, а да не почувствувам дека таму некаде лежи нејзиното братче, давајќи и до знаење дека се уште е со неа. Таа се насмеа неколку пати додека гледаше во неговата насока“, вели оваа мама.

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close