Новости

Од кралица на свадбите до жена претприемач: Денес има милиони и е една од најбогатите жени на Балканот! Еве како стекнала цело богатство!

Важи за една од најбогатите пејачки!

Маја Шупут важи за една од најпознатите хрватски пејачки, која денес има успешна кариера и настапува низ целиот регион но не е тајна дека често ја нарекуваат „кралица на свадбите“.

Фото: Инстаграм/ Маја Шупут

Речиси и да нема ден која Маја не работи, што се докажува со нејзините бројни настапи на кои се радуваат луѓето кои уживаат кога таа ќе запее.

Маја важи за една од најбогатите пејачки во Хрватска.

 

Сепак, нејзината улога сега доби друга димензија, и таа од пејачка на свадби, денес стана една од најдобрите поп-изведувачи.

Таа е една од најдобрите жени претприемачи и основа свој бренд и продава разни производи наменети за припадничките на понежниот пол, а за Zena.hr. открива и како дошла до таа идеја.

 

-Бев на роденденска забава и не знаев што да купам за едно девојче. Нејзините родители само ми рекоа дека таа пее постојано. Па реков добро, ајде ќе одам по микрофон. Понудата беше толку лоша што бев зачудена, па затоа го купив најдоброто од сите оние лоши. Тоа дете беше најсреќно досега, и доби лош микрофон. Кога возевме дома, му реков на мојот сопруг за идејата и тој ми рече:

 

„Требаше да го имаш тој микрофон одамна“. И тогаш тој ми го овозможи тоа. Од идеја до реализација, продажбата е крвава работа и тоа ќе го каже секој претприемач – рече пејачката.

Majа вели дека со помош на свадбите успеала да ја достигне нејзината кариера, бидејќи како што вели во моментот кога таа започнала да пее по свадби имало многу малку успешни жени кои го работат тоа.

 

 

– Тогаш бев помлада, ми одеше на нерви и ми се чинеше дека никој не го почитува тоа што го работам затоа што правам повеќе концерти отколку свадби, но имаше толку малку успешни славни жени кои пеат на свадби, што морав да се истакнувам. Единствена конкуренција ми е Јоле затоа што јас едноставно немам женска конкуренција во таа сфера и затоа не беше тешко да станам кралица.

 

И тогаш кога луѓето почнаа да закажуваат свадби на моите состаноци, сфатив дека навистина сум супер. Секако, сето тоа одговараше на моето его и не ми беше тешко повеќе да го правам тоа. Да се разбереме работата не е лесна, доаѓате пред гостите а си одите последни а за да направите атмосфера е , навистина крвава работа. Јас навистина го правам тоа добро, се обидувам, звучи чудно, но јас умирам и родена сум на таа сцена и сега би ме навредило да ми кажат дека не сум кралица на свадбите – искрено рече Шупут.

 

Во меѓувреме, Маја лансираше и козметичка линија со свој потпис. Парфем, средство за дезинфекција на рацете, се само некои од производите од нејзината линија.

Таа не престана да работи ниту за време на пандемијата па издаде и албум со детски песни.

 

 

Маја е во 23-тата недела од бременоста

 

 

Пејачката на 41 година е бремена со првото дете. Маја Шупут, со нетрпение чека да се оствари во новата улога на мајка.

Со оглед на фотографиите кои ги објавуваше, до пред неколку недели не можеше ниту да се забележи дека таа е во блажена состојба, благодарение на нејзиното витко и убаво обликувано тело.

Фото: Инстаграм/ Маја Шупут

Пејачката која минатата година во мај го кажа судбоносното Да, и се омажи со својот партнер Ненад Татаринив, сега е бремена со првото дете, и парот е многу возбуден поради оваа нова ситуација.

 

Маја во едно интервју вели дека со оглед на годините (41) најверојатно ова и е прво и последно дете, па затоа решила да му удоволи во се, па така пејачката веќе набавила се што е потребно за детето, но рече дека не сака јавно да го открие полот на бебето.

Инаку таа открива дека има зголемен апетит па поради тоа не ја изоставува својата навика, вежбањето.

 

Фото: Инстаграм/ Маја Шупут

Маја пред извесно време се пофали дека наредната година ќе биде со полни раце работа, и дека веќе е повикана на многу свадби а открива и дека ќе се врати на работата неколку месеци по породувањето.

 

 
Фото: Инстаграм/ Маја Шупут

Мојата работа е одлична, одам да пеам од осум навечер до пет наутро. Ќе го заспијам бебето, ќе искочам, а потоа ќе се вратам дома, а бебето дури и нема да знае дека не сум била таму, на крајот на краиштата тоа бебе има и татко, нели? рече пејачката.

 

Оние кои ја познаваат знаат дека убавата русокоса има голема страст кон модата, па неретко ќе се пофали и со по некоја гламурозна и несекојдневна комбинација.

 

Во едно интервју Маја  откри детали од своите први четири месеци од бременоста и рече дека немала мачнини, но и дека кога ја дознала веста била шокирана.

Маја откри како реагирал нејзиниот сопруг Ненад Татаринов кога дознал за бременоста.

Фото: Инстаграм/ Маја Шупут

 

„Тој почна да плаче, како и секој поштен иден татко. но тоа беше баш убаво, прв пат видов дека тој човек плаче“, раскажа Маја за Магазин Ин..

Маја со романтична фотосесија со нејзиниот сопруг убавата вест дека е бремена ја објави на Инстаграм.

Фото: Инстаграм/ Маја Шупут

 

Инаку, Маја е мошне популарна на социјалните мрежи па така само на својот профил на Инстаграм име преку 450.000 фанови. Таа редовно објавува фотографии на својот профил, а не ретко знае да ги израдува и со по некоја екстравагантна или пpoвoкативна фотографија.

Фото: Инстаграм/ Маја Шупут
Фото: Инстаграм/ Маја Шупут

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close