Кафе муабет

,,ЗБОГУМ МОЈ ДРАГ МЕШКО’’ – Колегите и пријателите се простуваат од актерот Димче Мешковски

Колегите се простуваат од доајенот на македонското глумиште...

Македонија деновиве завиена во црно. По долго боледување почина легендата на македонското глумиште – Димче Мешковски.

Фото/Принтскрин

Мешковски починал во неговиот дом во Лос Анџелес, САД.

Тажната вест ја соопштија од Драмски театар Скопје каде што доајенот беше вработен од 1967 година до неговото пензионирање во 2002 година.

Фото/Принтскрин

Многу колеги, пријатели и познаници му оддаваат почит на актерот и се збогуваат од него.

„Си замина и Мешко, ќе те паметам по насмевката, твојата воздржаност, огромна љубов кон Марика и твоите две ќерки. Добар татко и одличен глумец. Мешко баш те сакав. Аплауз и слава ти“, напиша актерката Весна Бејби Петрушевска.

Фото/Принтскрин

“Збогум, драг мој Мешко. Има ли име ова? Оваа тага… Низ главава ми експлодираат спомени. Претстави, филмови, серии, радио драми, легендарното Хихирику, тезги, софри, песни, гитари, бесконечни партии карти во театарот. И многу ќеф. Што те познавав, што ме прифати како син, и што навиваше за мене и тогаш кога не требаше. Се гледаме стари“,напиша Игор Џамбазов  во неговата објава.

Фото/Принтскрин

Во биографијата на Мешковски стојат над 100 одиграни улоги со над 6.000 изведби.

Од драмскиот опус на актерот се издвојуваат улогите во претставите:

„Смртта на Дантон“, „Балконот“, „Вишновата градина“, „Јане Задрогаз“, „Чернодрински се враќа дома“, „Зојкиниот стан“, „Калигула“, „Ревизор“, „Диво Месо“…).

Фото/Принтскрин

Ги толкувал ликовите во претставите: „Сомнително лице“, „Солунски патрдии“, „Викенд на мртовци“, „Болва во уво“, „Маратонците го трчаат почесниот круг“. За улогата на Тасе во „Викенд на мртовци“, Димче Мешковски ја доби „Наградата за актерско остварување“ на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Добитник е и на „Наградата за животно дело“ што ја доделува овој наш реномиран театарски фестивал.

Фото/Принтскрин

Ангажиран бил во повеќе проекти меѓу кои „Хихирику“ на Иван Карадак, како и телевизиските серии и емисиите за деца: „Да видам, да видам што да бидам“, „Тринаесеттиот клуч“, „Семафорот“, „Бајки“, „Училиште за кловнови“, „Големи и мали“, „Наши години“, „Пат кон иднината“, „Илинден“, „Смилевски конгрес“, „Прличев“.

Фото/Принтскрин

Добитник е на „Наградата за животно дело“ што ја доделува Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

Фото/Принтскрин

Комеморацијата за Димче Мешковски ќе се одржи во салонот на Драмски театар Скопје на 28 март 2023 година со почеток во 12 часот.

Актерот почина на 77 годишна возраст.

  Фото/Принтскрин

Фото/Принтскрин

Фото/Принтскрин

Фото/Принтскрин

Фото/Принтскрин

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close