Утре се празнува еден од поголемите христијански празници од пролетниот циклус каде што се слави споменот на четириесетте војници од Севастија кои маченички загинале за христовата вера.
Празникот Младенци го слават сопружниците во првата година од бракот, поточно оние кои се венчале после 22 март претходната година. Се верува дека „Какво е времето на тој ден такво ќе биде цела пролет“.
Младенци секогаш паѓа во периодот на Великиот пост.
Празникот на пролетта 22 март младите брачни парови го празнуваат како свој ден, како ден на младоста, љубовта и убавината. Истиот ден Светата православна црква го празнува споменот на четириесетте војници од Севастија кои маченички загинале за христовата вера.
На овој ден младенците ги носат во црква свеките од венчавката за да догорат.
Во повеќе краишта на Македонија со овој ден е поврзано враќањето на птиците преселници. Во Велешко како што забележал Д. Матов на овој ден ластовиците се враќале од арапска земја, во с. Елешница, Разлошко, секогаш на овој ден доаѓал штркот, а и во струшки Дримкол на овој ден се очекувало доаѓањето на птиците преселници.
Во врска со тоа е и верувањето дека ако човекот гладен слушне пеење на овие птици, (ластовици, кукавица, пупунец и др.) ќе биде разбиен од нив, ќе се разболи или не ќе има напредок во текот на целата година. Во таа смисла е и записот на Јордан Хаџи Константинов-Џинот објавен во „Цариградски весник“ од 1852 година: „Деветти Март кога ќе влезе, сите, мали и големи треба уште во постела да каснат по еден залак леб, за да не ги „пробие“ ненадејно ластовица, дури до Благовец.
Во Скопско верувале дека ако ги разбие пупунецот ќе им смрди душата, а ако ги разбие грлицата многу ќе кршат садови во текот на годината. Колку ластовици ќе видел човек на овој ден со толку облека ќе се подновел во текот на годината.
Во врска со верувањето дека со овој ден започнува вистинската пролет е и обичајот да се јаде нешто зелено (зелен ручек) со што се означува сиромашното лето, период во кој, како што се вели не се ум.ира за храна зашто таа може и на трн да се најде. Некои со ова верување ја поврзуват и пословицата: „Не умри магаре до зелена трева“.