Кафе муабет
Врчак позира гол во џакузи – КОЖАТА МИ Е МАЗНА КАКО НА БЕБЕ
Пејачот позира гол во џакузи...
Немаше тинејџерка која не лудуваше по Раде Врчаковски – Врчак откако се појави на македонската музичка сцена.
Важеше за миленик на женската публика и веднаш ги освои женските срца.
Фото/Принтскрин
По неколку години кои ги посвети на музиката Врчак реши да се повлече од јавниот живот па наместо на музиката реши да се посвети на медицината.
Tој по 12 години студии ја доби титулата доктор, за оваа негова професија најверојатно неговиот татко е најсреќен бидејќи тој стана негов наследник.
Во 2006 година Врчак повторно се враќа во музичкиот свет со албумот „Во твоето срце“, песните и албумот повторно се прифатени од публиката особено од старите обожаватели на Врчак.
Во 2006 ја напиша песната „Нинанајна“ со која Елена Ристевска ја претставуваше Македонија на „Евровизија 2006“ во Атина и го освои 12. место.
Фото/Принтскрин
Неговата слава расте, охрабрен од обожавателите тој се појавува со нови песни во текот на последните месеци од 2006 и целата 2007. Во 2007 повторно настапува на „Макфест“ со Адријан Гаџа со кој ја испејаа песната „Недопирлива“ и освоија награда за најдобар сценски настап.
Фото/Принтскрин
Во 2008 пишува песна за изборот за песна на Евровизија. Песната е насловена „Во име на љубовта“, ја пее со Тамара Тодевска и Адријан Гаџа.
Фото/Принтскрин
Врчак неодамна сподели фотографија на својот Фејсбук профил и откри дека ужива во Маврово, а може да се забележи дека прилично се променил.
Но, пејачот не престанува да изненадува.
Тој неодамна, објави уште една фотографија која ја разбранува јавноста.
Фото/Принтскрин
Овојпат раперот покажа како се релаксира и објави фотографија од џакузи.
„Убав јас. Како на бебе ми е мазна кожата. Речиси 100% растителен начин на исхрана“, напиша Врчак во описот на фотографијата.
Фото/Принтскрин
За потсетување, пред повеќе од два месеци Врчак објави и нова песна која трае два часа и спот за што неговите фанови го критикуваа.
Фото/Принтскрин