Кафе муабет
ВОДИТЕЛКАТА ЦЕЦЕ ЌЕ СТАНЕ МАЈКА ПО ВТОР ПАТ – Бремена во осмиот месец го покажа трудничкото стомаче
Водителката ќе стане мајка по втор пат...
Откако стана мајка македонската водителка буквално зрачи со убавина и позитива.
Фото:Инстаграм/Цеце Тодосовска
Оваа нејзина нова животна улога драстично ја промени, а судејќи според објавите на социјалните мрежи, Цеце Тодосовска ги живее најубавите моменти од својот живот.
Фото:Инстаграм/Цеце Тодосовска
Цеце долги години е дел од малите екрани, но јавноста посебно ја засака откако стана дел од еден од најдобрите телевизиски проекти некогаш во земјава, „Утринска на Телма”.
Фото:Инстаграм/Цеце Тодосовска
Цеце и нејзиниот сопруг Стојанче Тодосовски стапија во брак во 2018 година. На нивната свадбена церемонија присуствуваа сите членови од нивното семејство и пријателите, но и нејзините колеги од утринската емисија.
Фото:Инстаграм/Цеце Тодосовска
Тие направија необична и модерна свадбена веселба, за која нивните блиски изјавија дека долго ќе ја паметат.
Фото:Инстаграм/Цеце Тодосовска
Цеце и нејзиниот сопруг се среќни родители на синчето Бодан.
Фото:Инстаграм/Цеце Тодосовска
Неодамна, синот на шармантната водителка, Бодан, го прослави својот втор роденден.
Бодан, со другарчињата, роденденот го прослави во парк.
Фото:Инстаграм/Цеце Тодосовска
Убавите вести ги сподели водителката, која на Инстаграм објави фотографии од забавата во парк.
Инаку, во интервју за Женски Магазин Цеце отворено и емотивно говореше за мајчинството.
Фото:Инстаграм/Цеце Тодосовска
-Името Бодан беше заедничка одлука со сопругот Столе. Некако не освои “од прва”… Уште минатото лето сосема случајно го спомена еден наш пријател и некако почувствував дека тоа е тоа. Тој период сè уште не го знаевме полот, но знаевме дека ако биде машко ќе биде Бодан. Потоа се обидувавме да имаме уште некој друг предлог за име, ама ниту едно не ни се допаѓаше толку многу како ова. Така победи Бодан“, раскажа Цеце за тоа како го избрале убавото име за синот.
Фото:Инстаграм/Цеце Тодосовска
Неодамна, Цеце на социјалните мрежи ја сподели веста дека очекува второ дете.
Фото:Инстаграм/Цеце Тодосовска
Имено, таа е во осмиот месец од бременоста и брои ситно до породување.
Фото:Инстаграм/Цеце Тодосовска
,,Време е за бебе број два. 30 недели бремена’’ – напиша водителката во описот на фотографиите кои ги објави на Инстаграм.
Фото:Инстаграм/Цеце Тодосовска