Кафе муабет
Погледнете каков “ѕвер” вози синот на Драгана Мирковиќ- чини цело богатство (ФОТО)
Марко сака скапи автомобили...
Нема сомнеж дека синот на Драгана Мирковиќ и Тони Бијелиќ, ја наследил љубовта кон автомобилите од на неговите родители.
Марко Бјелиќ во својата колекција има неколку луксузни машини, а неодамна покажа една од нив.
Станува збор за Chevrolet Corvette Stingray Coupe кој според податоците на интернет чини околу 100.000 евра.
Марко снимал додека уживал возејќи се во својот нов миленик.
Потоа ја покажа внатрешноста на возилото а во преден план беше воланот од чиста кожа. Потоа го сними и однадвор, па можеше да се види дека автомобилот може да биде и кабриолет, а изгледа многу луксузно.
Инаку, перформансите на овој модел се меѓу најдобрите, што би можело да се очекува за таа цена.
Автомобилот, кој е произведен во 2020 година, има напредна навигација, предна камера со висока резолуција, задна камера, седишта со вентилација и греачи, греач на волан, надворешни ретровизори со електрично греење и многу повеќе.
Да потсетиме, Марко претходно се пофали со својот возен парк, џип „мерцедес“, „ферари“ чија цена е над 200.000 евра и возило „КТН“ за кое требаше да издвојат околу 100.000 евра.