Кафе муабет

Внимавајте кому што подарувате: Близнаците мразат растенија, а Рибите сигурно ви рекле што сакаат

Одредени хороскопски знаци ниту малку нема да бидат воодушевени со некои работи.

Ако веќе размислувате што да им подарите на вашите блиски за претстојните празници, а не сте сигурни што би сакале, почнете со систем на елиминација, односно, погледнете што најверојатно нема да им се допадне.

Овен

Претставниците на овој хороскопски знак не се снаоѓаат многу добро во кујната, па затоа не подарувајте им ситници или апарати за домаќинство, освен ако во некој момент не го побарале самите тоа.

Бик

На Биковите не им подарувајте рачно изработени подароци, освен ако сте професионален уметник или подарокот не е изработен апсолутно совршено. Тие имаат изострен вкус и сакаат скапи подароци.

Близнаци

На Близнаците не подарувајте им нешто што сака долготрајна нега, како растенија, сложувалки, дневник. Тие немаат толку трпение.

Рак

На претставниците на овој хороскопски знак осовено им е важно со подарокот да им покажете дека добро ги познавате. па подарок како пари или ваучери не се добра идеја.

Лав

Евтините подароци доаѓаат предвид само ако сакате да го налутите Лавот. За да го задоволите овој хороскопски знак мора да бидете многу креативни.

Девица

Овие личности внимателно планираат се’ во животот, па не е добра идеја да им подарите нешто што нема да знаат како да го сместат во секојдневието. Не им подарувајте нешто што зазема многу простор или бара внимание и грижа.

Вага

Родените во овој хороскопски знак не сакаат изненадувања, па добро е однапред да ги прашате што им е потребно.

Скорпија

Скорпиите не толерираат нешто што би можело да ја наруши нивната слика или да го наруши мислењето на околината за нив.

Стрелец

На овој хороскопски знак не треба да му подарите нешто што бара да „остане во место“, како книга, сложувалки, сетови за шиење и слично.

Јарец

Овие личности не сакаат евтини и непрактични работи. Не обидувајте се да го заведете Јарецот со нешто сосема неочекувано – сигурно нема да се израдува.

Водолија

Со нив можеби е најтешко – не им треба ништо, а им треба се’. Ризично е да им подарите слатки работи или нездрава храна, зашто честопати се премислуваат околу својата исхрана. Воопшто не ги интересира што било од поп културата или модерната уметност.

Риби

Сконцентрирајте се добро и вратете си го филмот наназад… Рибите сигурно веќе сто пати имаат ви кажано што би сакале да добијат на подарок. Ако не сте биле внимателен слушач, ќе си имате проблем. Тие се чувствителни на лоши подароци, но сепак, со нешто скапо и сјајно најверојатно нема да погрешите.

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close