Кафе муабет
Прво се бакнуваше со сестра си, со мајка си го делеше креветот а сега ОВА: Новата фотографија од семејството Гудељ повторно ја загрози јавноста
Анастасија не се огласи по коментарите за блиските фотографии на семејството Гудељ...
Семејството Гудељ особено е застапено во медиумите откако се обелодени врската на Немања со ќерката на Цеца, Анастасија Ражнатовиќ.
На крајот на 2022 година семејството на нововто момче на Анастасија, Немања Гудељ беше мета на критики поради исклучително интимните фотографии на кои се гушкаат и бакнуваат, а многумина тоа го сметаат за непримерно и невкусно.
Корисниците на Твитер особено коментираа за фотографијата на која Вања Гудељ, помладата сестра на фудбалерот, го бакнува својот брат во уста. Покрај ова, голем е бројот на фотографии на кои други членови од семејството имаат сличен однос, а поради кои јавноста наводно е шокирана.
Една од фотографиите која ги вознемири твитерџиите е онаа на која Немања Гудељ лежи во кревет, додека сопствената мајка го бакнува во рамо.
Сепак, од друга страна, јасно е дека ова семејство е неверојатно блиско, дека секогаш се тука еден за друг и дека Немањ, Драги и Вања имаат посебно место за мајката во срцето.
Од друга страна, блискоста меѓу членовите на семејството воопшто не е тајна, бидејќи убавата Вања има ваков однос и со другиот брат, кого исто така го сака на сличен начин, а тоа го покажа и на некои од фотографиите што ги објави самата таа.
Ова секако сведочи за тоа колку се приврзани еден кон друг, како и за тоа дека се многу блиски како семејство.
Новата роденденска фотографија на мајката и синот повторно ја шокираше јавноста и предизвика бура од коментари.
Помладиот син на Оливера, Драги Гудељ, на својот профил објави фотографија со мајка си, која повторно испровоцира многумина. Драги го потпира образот на градите на мајка си и се чини дека ова семејство не гледа ништо необично во тоа.
Јавноста, пак, бурно реагира, велејќи дека без разлика на мајчинската и детската љубов кон мајките, ваквите слики изгледаат несоодветни на оваа возраст.
Немања Гудељ од неодамна е во врска со Анастасија Ражнатовиќ а какво е нејзиното мислење за ова, јавноста се уште не знае.
Дека Немања е многу поврзан со своето семејство покажува и фактот што секогаш со него се неговиот брат или пак мајката и сестрата па дури и во оние моменти кога би требало да биде насамо со својата девојка.
Наводно тоа ја изнервирало Анастасија па таа започнала војна со мајката на Немања, Оливера и сега тие не се во добри односи што покажува и фактот дека младата пејачка не и го честиташе роденденот на идната свекрва.