Кафе муабет
Се сеќавате на лошата Ферхунде од “Кога лисјата паѓаат”? Погледнете како изгледа денес зеленооката убавица (ФОТО)
Денес има 41 година...
Македонската јавност ја запозна турската убавица актерка Дениз Чакир кога ја глумеше Ферхунде во серијата “Кога лисјата паѓаат|.
Дениз е родена во Анкара, по дипломирањето се преселила во Истанбул и ја одиграла својата прва улога во 2004 година.
Во текот на следните години, таа постигна голем успех и доби улоги во бројни филмови и телевизиски серии и изгради успешна кариера.
Најважната улога ја доби во 2006 година во турската телевизиска серија „Кога лисјата паѓаат“, во која ја играше улогата на негативецот Ферхунде, што и донесе слава, по што се испроба и во серијата „Сулејман Величествениот .
Дениз денес има 40 години, но сепак изгледа прекрасно и привлечно, а кариерата ја продолжи во актерството.
Пред три години Дениз ги отвори вратите од својот дом во Истанбул. Нејзиниот стан се наоѓа на самото крајбрежје на Босфор во квартот Куручешме каде живее со нејзините две мачки Шати и Пиринч.
View this post on Instagram
Просторната куќа од 200 квадрати има салон, отворена модерна американска кујна, три големи соби и два тоалета. Но Дениз која важи за една од најдобро облечените Турчинки, една од собите ги претвори во гардеробер.
-Куќата ме освои на прв поглед, призна убавата актерка.
Во продолжение погледнете како изгледа денес убавата заводничка…