Кафе муабет

Биковите не се песимисти, тие се РЕАЛИСТИ

Еве кои особини се кријат зад личностите родени во знакот Бик.

За Биковите многумина мислат дека се песимисти, но всушност, тие се вистински реалисти. Можеби не ја гледаат чашата половина полна, но затоа се свесни за многу работи. Тие не разбираат зошто некои луѓе мора да бидат перфекционисти (добро им е иако не се совршени).

Луѓето никогаш нема да сфатат како Биковите можат да бидат толку независни. Ним не им е потребен никој, одлично функционираат самите со себе и знаат како да се забавуваат. Одењето на пуст остров за нив не би било страшно, затоа што и таму одлично би се снашле, би се забавувале и целосно би уживале.

На прв поглед луѓето може да заклучат дека се ладни, меѓутоа, под тоа се крие едно топло, нежно и прекрасно суштество.

Од сите хороскопски знаци, Биковите можеби делуваат најладно, како ништо на светот да не може да допре до нив. Меѓутоа, пријателите знаат коллку љубов, чувства и топлина се крие во срцето на еден Бик!

Пријателите во секој момент може да ги замолат за услуга, затоа што Биковите даваат се’ што имаат ако некому му е потребно тоа. Пари, разговор, облека, време… на своите пријатели Биковите секогаш им нудат се’ што имаат и на нив секогаш може да се смета.

Пријателите знаат дека ако ви доверат некоја тајна, таа ќе биде сочувана. Кој и да се обиде да извлече тајна која им е доверена на Биковите – нема да успее!

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close