Кафе муабет

По бурниот период конечно среќна и заљубена: Емина Јаховиќ повеќе не крие- го преболи Мустафа и најде нов фраер

Пејачката се посвети на синовите...

Синовите на Емина Јаховиќ и Мустафа Сандал несомнено минуваат низ најтешкиот период.

фото инстаграм/Емина Јаховиќ

Имено двајцата се тинејџери а скандалите за кои се пишуваше за нивните родители, новиот брак на нивниот татко и фактот дека нивните родители биле на суд, се најтешките моменти во животот на еден тинејџер а тоа бара поголема грижа, внимание, љубов и разбирање.

Фото Инстаграм/Емина Јаховиќ

Со текот на времето, Емина сфати дека е потребно да поминува повеќе време со своите наследници, и покрај големата љубов кон музиката и козметичкиот бренд, таа целосно се посвети на Јавуз и Јаман игнорирајќи ги сите други обврски.

фото инстаграм/Емина Јаховиќ

Беше јасно дека за момчињата е важно во овој период да имаат посветени родители, а таа тврди, дека ја превземала улогата на татко и мајка.

фото инстаграм/Емина Јаховиќ

Во една изјава таа истакна дека нејзиниот поранешен партнер е претежно фокусиран на неговиот нов брак и истакна дека е свесна дека ако се заљуби и таа синовите ќе се чувствуваат отфрлено па се случи да го остави настрана нејзиниот емотивен живот, барем така зборуваше пред неколку месеци.

фото инстаграм/Емина Јаховиќ

„Многу се пишуваше за мене, повеќе во Турција. Мојот приватен живот беше посветен само на моите деца, а таму пишуваа дека сум била ваква онаква, и со овон и оној. Научив притисокот да го претворам во нешто креативно озборувања, криминални однесувања, како и убедувања и кога не знаеш нешто за некого тоа е пред се голем грев. Не велам дека ќе бидам лажга, но нема да имате право да ја знаете мојата вистина“, рече таа.

фото инстаграм/Мустафа Сандал

“Моментално не сум во долга врска, ова никогаш не ми се случило. Крив е Сатурн. Не значи дека никој не ми се додворува. Се случи на приватно поле мојот поранешен сопруг да се ожени, па јас мораше да бидам таа што ќе се посвети повеќе на децата.Навистина му посакувам многу среќа. Секогаш ќе биде мој пријател и татко на моите деца, но да се фрлив на забава децата ќе останеа запоставени. Кога ќе се заљубам знам да се лизнам малце па се контролирам. Сакам да им се посветам на децата. Останатото ќе си дојде природно.Чудно ми е што толку време траеше.Се надевам ќе најдам сродна душа“, заклучи таа во емисијата „Ексклузив“.

фото инстаграм/Мустафа Сандал

Неодамна на наградите MAC таа даде изјава менувајќи ја приказната кога станува збор за емоционални партнери и брак.

фото инстаграм/Емина Јаховиќ

Таа истакна дека се уште верува во брак само доколку се најде правата личност. Посочи дека љубовта постои во нејзиниот живот не не откри дали моментално има момче.

фото инстаграм/Емина Јаховиќ

-Љубовта е тука, љубов секогаш има, истакна Емина со насмевка.

фото инстаграм/Емина Јаховиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close