Кафе муабет

Денеска ужива во луксуз: ЕВЕ како изгледа СКРОМНАТА куќа во која некогаш живеела Александра Пријовиќ (ФОТО)

Растела скромно...

Куќата во која познатата пејачка Александра Пријовиќ го поминала своето детство се наоѓа во Бели Манастир, Хрватска, а пред да стапне на сцената, пејачката таму го поминала најголемиот дел од животот.

Фото Инстаграм/Александра Пријовиќ

Некогаш една од најбараните „Ѕвезди на Гранд“, денес еминентна ѕвезда со прекрасен глас и сопруга на Филип Живојиновиќ, Александра живееше многу скромно, а својот талент кој и го промени животот го наследи од мајка ѝ Борка.

фото инстаграм/александра пријовиќ

Кога се појави на домашната јавна сцена привлече големо внимание, а јасно беше дека ќе изгради одлична кариера и ќе го замени стариот дом со нов и пораскошен.

Фото Инстаграм/Александра Пријовиќ

Некогаш малата, скромна куќа, во која ја чувствуваше топлината на љубовта на нејзините родители, ја замени со раскош и луксуз, а не се знае дали ќе се врати во Бели Манастир.

Таа денеска, според медиумите, живее со сопругот Филип и синот Александар во вила, недалеку од семејната куќа на Живојиновиќ, а наводно таа зграда вреди над половина милион евра.

Фото Инстаграм/Александра Пријовиќ

Како што објавија медиумите наводно Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ уште пред да се венчаат купиле луксузна куќа на Бежаниска коса, а за тоа подигнале кредит од 500.000 евра.

Фото Инстаграм/Александра Пријовиќ

Нивниот дом има дури четири спални соби, а имотот што го купиле Александра и Филип се наоѓа во близина на куќата на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ.

фото инстаграм/александра пријовиќ

Посебен детал во дневната соба е белото пијано, украсено со фигури на бел ангел и бели цветови, а покрај Александра и Филип, во ова катче ужива и малиот Александар.

Фото Инстаграм/Александра Пријовиќ

Пејачката постојано напоменува дека омилен дел од домот каде се релаксира со кафе е терасата, од каде се простира прекрасна глетка. Меѓутоа, кога станува збор за дворот, тој не се гледа од улица, па семејството има приватност додека ужива.

фото инстаграм/александра пријовиќ

– Филип и Прија решија да подигнат кредит за луксузна вила, која чини околу половина милион евра. Сакале да живеат блиску до неговото семејство, па соседи им се Брена и Боба – рекол изворот и додал дека на Живојиновиќ им била важна и локацијата на новиот дом. Кога ја купиле куќата сакале да биде токму на Бежанијска коса бидејќи Филип е врзан за тој дел од градот. Од друга страна, тие се блиски со Брена и Боба, кои секогаш им доаѓаат на помош во чување на детето. Тие се многу приврзани, сакаат да патуваат заедно и да поминуваат празници, па сакаа така да остане.

Фото Инстаграм/Александра Пријовиќ

– Само што ја купија куќата решија да ја уредат од подот до плафонот, па најмија декоратори. Ништо не сакаа да препуштат на случајноста – истакна неодамна извор близок на парот.

фото инстаграм/александра пријовиќ
Фото Инстаграм/Александра Пријовиќ
Фото Инстаграм/Александра Пријовиќ
Фото Инстаграм/Александра Пријовиќ
Фото Инстаграм/Александра Пријовиќ
Фото Инстаграм/Александра Пријовиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close