Кафе муабет
За неа времето како да застанало: Еве како денес изгледа Хајрије од серијата „Кога лисјата паѓаат“
Воопшто не се променила...
Серијата „Кога лисјата паѓаат“ беше една од најгледаните во нашата држава.
Многумина ја паметат Гувен Хокна, позната по улогата на Хајрие Текин во серијата, која е талентирана турска актерка родена во Анкара. Дипломирала на Државниот конзерваториум во Анкара во 1967 година.
Во 1990 година, таа се претстави со детска програма со наслов Susam Sokagı (Улица Сусам), работеше во театар, филм и обезбеди работа во Државниот театар 35 години и учествуваше во многу телевизиски проекти.
На многу фанови на серијата им е позната и по улогата во серијата „Долина на волците“ од 2004 година, а во периодот од 2006 до 2010 година глумеше во добро познатата серија „Кога лисјата паѓаат“.
Хокна денес има 77 години, а фановите сè уште можат да ги видат нејзините објави на нејзиниот официјален Инстаграм профил.
Таа е речиси непроменета. Многумина ќе кажат дека за неа времето како да застанало. Според фотографиите може да се забележи дека е среќна и ужива во животот.
Во продолжение погледнете неколку фотографии од една од омилените турски актерки на македонската публика.