Градинка

Еве како за само 28 дена да го зајакнете имунитетот кај детето: Експеримент направен во градинка во Финска ги шокираше експертите, ова мора да го знаат сите родители!

Децата треба повеќе да бидат во природа...

Во една градинка во Финска бил спроведен експеримент од страна на наставничките кои решиле да направат мала верзија на шума во дворот на градинката.

фото илустрација

Експериментот покажал дека е доволна една промена за значително подобрување на имунолошкиот систем на децата и тоа за само 28 дена!

фото илустрација

„Тие, исто така, забележаа дека цревната флора на децата кои се занимавале со градинарство на овој начин е слична на цревната флора на децата кои одат во шума секој ден“, вели Марја Рослунд од Универзитетот во Хелсинки, која стои зад оваа објавена студија во 2020 година.

фото илустрација

Имено, тие засадиле растенија како што се боровинки и поставиле специјални гајби во кои децата одгледувале различни растенија.

фото илустрација

Разни микроби кои почнале да се појавуваат на кожата и во дигестивниот тракт на децата го подобриле нивниот систем за краток временски период, се вели во научниот заклучок од експериментот.

фото илустрација

Во споредба со децата од другите градинки кои играле во стандардни дворови кои имаат многу бетонски патеки и плочки, децата од овие пошумени градинки имале подобрен имунолошки систем за краток временски период – се покажало дека имаат зголемено производство на Т-клетки и други важни компоненти за имунитетот, а промената во организмот на децата била почувствувана во рок од 28 дена.

Фото Илустрацја

Докажано е дека раното изложување на децата на природата е поврзано со добар и функционален имунолошки систем, тоа е докажано во претходен експеримент.

фото илустрација

Иако науката сè уште нема одговор зошто е тоа така, идејата е дека изложувањето на децата на поразновидни микроби го зајакнува имунолошкиот систем на долг рок.

фото илустрација

Постои и хипотеза која долго време кружи во научните и медицинските кругови, во која се вели дека губењето на биолошката разновидност што се случува во градовите носи добар дел од одговорноста за зголемениот број на автоимуни болести.

фото илустрација

Децата кои играат со земја, на трева, растат меѓу дрвја и воопшто во шума, во природни услови имаат зголемен број на бактерии од родот гамапротеобактерии, а токму тие бактерии најверојатно го зајакнуваат имунолошкиот систем.

фото илустрација

Во прилог на хипотезата дека децата кои не живеат во град се поздрави, говори и ова истражување кое вели дека децата од руралните средини генерално помалку страдаат од астма или алергии.

фото илустрација

„Најдобро би било децата да си играат во вирови, сите да копаат во органска почва. Можеме да го подобриме имунолошкиот систем на децата ако ги носиме во природа пет пати неделно“, вели екологот Аки Синкконен, исто така од Универзитетот во Хелсинки.

фото илустрација

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close