Кафе муабет
Лила направи хаос на социјалните мрежи: Водителката јавна магаре- со оваа објава ги насмеа сите (ФОТО)
Ужива во Јордан...
Нашата позната водителка Лила, моментално ужива во Јордан од каде секојдневно споделува интересни фотографии и видеа, а фановите уживаат во глетката.
Водителката максимално ужива во Јордан кој е познат по прекрасните археолошки градби.
Лила го посети изгубениот град Петра од каде беше воодушевена, беше и на прошетна во пустината на месечината Вади Рум а особено внимание предизвика кога се крстеше во реката Јордан каде беше крстен Исус.
„Како вистинска христијанка и верник.., овој чин е она што сакав одамна да го направам и во моментов не постои посреќен човек од мене“, напиша Лила…
Таа беше на местото на кое што според Библијата Јован Крстител го крстел Исус, а потоа влезе во реката и го направи светиот чин.
Ја посети и земја на бедуините , мртвото море,, туристичката летна атракција Акаба и на своите фанови им ја долови атмосферата па дознаа се што ги интересираше за оваа туристичка атракција.
Вчера Лила сподели видео од “Долината на месечината”, пустината Вади Рум местото каде што живеат Бедуините, недовршената арапска бајка а посочи дека за неа тоа било незаборавно искуство.
Имено Лила се качи на магаре па ги насмеа сите на социјалните мрежи со описот на видеото.
-Она кога ќе се паднеш од коњ на магаре- напиша водителката.
View this post on Instagram
Помина тешка година
Неодамна естрадниот магазин Бекстејџ прослави 15 години постоење. По тој повод организираше голема забава на која присуствуваа многу јавни личности и ѕвезди од македонската естрадна сцена.
Бекстејџ по повод 15-тиот роденден додели и’ награди за македонските јавни личности во неколку категории.
Телевизиската водителка Лила Филиповска доби награда за трајни вредности – за Водител на годината.
Таа на своите социјални мрежи се заблагодари на Бекстејџ за сите години поддршка и за оваа значајна награда.
,,Лесно е да го држиш кормилото кога е морето мирно… поминав низ многу бури сите овие години, ги преживеав и сега сум посилна. Моето мирно море само нека потрае како и моите трајни вредности ‘’ – напиша Лила на својот Инстаграм профил.
Имено водителката и инфлуенсерка која е инспирација за многу жени и девојки, неодамна го прослави својот роденден, а на нејзината прослава присуствуваа бројни познати личности.
По тој повод Лила носеше бел необичен фустан кој имаше посебно значење за неа.
-Вечерва облеков фустан во бела боја… вечерва го славам животот, љубовта и мојот роденден. Оставам зад себе една тешка, претешка година која ме научи да го славам секој ден како да е роденден , да го почитувам секој момент и да бирам пријатели кои за мене би го направиле она што и јас за нив ! Научив дека секој ден е борба и дека со добра мисла секој проблем е решлив. Овој ден е мој ден…овој ден е мојот роденден напиша Лила тогаш а потоа се надоврза…
-Што не боли-тоа не е живот, што не поминува тоа не е среќа. Синоќа имав една прекрасна вечер, вечер за паметење ! Имам многу за кажување ама ќе бидам кратка… благодарам на сите што ми пружија рака, љубов и поддршка. Што дојдоа и ми ја разубавеа вечерта, напиша познатата водителка на социјалните мрежи заблагодарувајќи им се на своите пријатели.