Кафе муабет

Никогаш не изгледала подобро – Гавазова го украде шоуто со ова свое фaтално издание!

Веќе и врапчињата на гранките знаат дека Гавазова обожава тесни и „жешки“ креации, но со мерка.

Никогаш не изгледала поубаво!

Познатата пејачка Сузана Гавазова се појави во едно провокативно издание со кое никого не остави рамнодушен.

Шармантната струмичанка беше гостинка во една емисија каде што со својата појава го привлече вниманието на сите.

Нејзиното модно издание и овој пат не можеше да помине незабележано, посебно заради фаталната креација што ја носеше.

Веќе и врапчињата на гранките знаат дека Гавазова обожава тесни и „жешки“ креации, но секогаш ги носи со мерка.

Така беше и овој пат кога таа се одлучи за зелена боја која прекрасно и стоеше и во која изгледаше како холивудските диви.

Во прашање е долга тоалета со женствени карнери наместо ракави, длабоко деколте во „V“ израз и прорези кај колковите.

Фустанот во предниот дел е зачинет со длабок и широк шлиц, а Сузана целото издание го зачини со гламурозни високи потпетици со потпис на познат бренд и елегантна фризура со која блескаше.

Креацијата ја следеше линијата на нејзиното беспрекорно тело, а провокативните детали дополнително ја разгоруваа фантазијата.

Како нашата позната фолк-пејачка изгледаше во ова свое фатално издание, погледнете во продолжение:

 

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close