MAMA
Пронашле мистериозно богатство под својот под и го продала за неверојатни 754 илјади фунти
Парот пронашол 264 златни монети од кои некои се стари околу 400 години
Среќна двојка наишла на едно од најголемите археолошки откритија во Британија, откривајќи неверојатна ризница од 264 илјади златни монети кои датираат од времето на владеењето на кралот Џејмс први, под нивната кујна и истите ги продале на аукција за речиси 755 илјади фунти-три пати повеќе од нивната проценета вредност.
Неименувана двојка дошла до огромно откритие додека го реновирале својод под во нивниот дом со потекло од 18 век, во селото Елерби, северен Јоркшир, пред три години, на длабочина од околу 16 сантиметри под бетонот.
Златните монети, од кои некои се стари повеќе од 400 години, а датираат од 1610 година, додека други се од 1727 година, го покриваат периодот на владеење на Џејмс први, погубениот Чарлс први и кралот Џорџ први, биле чувани во земјено грне, застаклено со сол околу три века.
Монетите биле собирани од Џозеф Фернли и неговата сопруга Сара Мајстер, членови на богато и влијателно трговско семејство со седиште во Хал, кое тргувало со железна руда, дрво и јаглен, а чии последни генерации биле политичари и пратеници од Виг.
Експерт од лондонските аукционери Спинк и Сон, го посетил имотот за да го процени пронајденото „богатство“, по што оваа година монетите се продадени за неверојатни 754.320 фунти.
Една од најважните моменти на продажбата била монета Гвинеја Џорџ први од 1720 година, која по грешка била искована без кралската глава на неа, достигнала цена од 9600 фунти, додека Гвинеја на Чарлс втори од 1675 година на која погрешно е напишано латинското име на кралот, исто така е продадена за 9600 фунти.
Аукционерот Грегори Едмунд ова откритие го нарече „едно од најголемите археолошки записи од Британија“.
-Монетите беа можеби многу обични во една смисла, но приказната беше извонредна и токму тоа го постигна воодушевувачкиот резултат на оваа аукција. Сепак луѓето треба да размислат пред да почнат да ги откорнуваат своите подови-изјави тој.
-Исклучително ретко е вакви откритија да се пронајдат на пазарот, така што за мене е чест да видам вакво нешто, многу рано во мојата кариера-додава тој.
-Ова откритие е едно од најголемите археолошки записи во Британија. Ова беше многу случајно откритие.
-Сопствениците никогаш не користеле метал детектор за проверка, тие само сакале да го реновираат својот под, па во моментот на наоѓањето мислеле дека се работи за електричен кабел или слично-рече Грегори-пишува Дејли Меил.
Извор: Дејли Меил