Кафе муабет
ЛИДИЈА ВУКИЧЕВИЌ СЕ МАЖИ СО 20 ГОДИНИ ПОМЛАД ИТАЛИЈАНЕЦ?! Погледнете какво изненадување доби среде Италија- ова го има само на филм!
Започнува нов бизнис...
Актерката Лидија Вукиќевиќ замина во Италија каде ужива во секој момент со својот мистериозен партнер кој го крие далеку од очите на јавноста.
Во последните денови особено се коментира за нејзина можна венчавка а до ваквите гласини дојде по фотографиите ои ги објави на Инстаграм.
Имено, актерката и мајка на двајца возрасни мажи, Андреј и Давид Мркела, неодамна отпатувала во Венеција од каде ги сподели своите прекрасни фотографии кои ја навеле јавноста на шпекулации.
Познато е дека тајниот љубовник на Лидија живее и работи во Италија, тој е сликар, па кога сподели видео и фотографии од неа во прекрасен бел фустан опкружена со цвеќиња и срценца како плови во гондола на социјалните мрежи првото нешто на кое сите помислија дека никој друг освен нејзиното момче и приредило прекрасно возење и дека неговата намера била токму таму да ја запроси.
Штом низ градските улици почна да се шири веста дека „Лидија Вукиќевиќ се мажи“, се дозна дека нешто друго се случува. Да, на Лидија и беше приредено изненадување од кое таа беше воодушевена, но за тоа не е одговорен мистериозниот 20 години помлад маж, туку компанијата со која потпишала договор за соработка.
Наводно, Лидија ќе биде заштитно лице и учесник во производството на нов козметички бренд, кој, најверојатно ќе го носи и нејзиното име.
И донесе нова радост!
Иако неговиот идентитет се уште е непознат за јавноста, две децении помладиот дечко на Лидија Вукиќевиќ после долго време и донесе радост во животот, а како што признава актерката ужива во секој заеднички момент.
– Мојот помлад партнер ми донесе нова радост. Ми требаше некој сличен, не верувам дека спротивностите се привлекуваат. Не ми треба смирување, туку партнерот да ме следи на мојата бранова должина. Кој ќе се обидеше да ме спушти на земја, на крајот беше спуштен, многу пониско од мене – изјави атрактивната актерка за Стори, која еднаш откри дека се работи за италијанси сликар со кој ужива во љубовта на далечина:
– Се гледаме повремено. Ја сакам љубовта на далечина, никогаш не може да ми здосади, секогаш добро се забавувате и секогаш кога ќе се видиме како да е прв пат. Кога сте постојано заедно, многу работи се откриваат, нешто што можеби не го сакате излегува на површина. Навиката ја убива љубовта. Кога мојот партнер ќе ми стане како брат, време е да си заминам. Бидејќи и двајцата сме уметници, многу добро се разбираме. Не размислувам за преселба во Италија, јас сум типична жена за оваа клима. Со години живеев во Холандија и Турција и сфатив дека најмногу ја сакам Србија, дека е најубаво овде. Можам да патувам, но се враќам затоа што овде се чувствувам најдобро – изјави тогаш за „Глорија“, но изгледа дека при последната посета на нејзиниот емотивен партнер во Италија се отвориле некои нови деловни можности.
Имено, Лидија го споила убавото и корисното, а при посетата на својот сакан се одлучила за нов потфат на професионален план кој не е поврзан со нејзиното основно занимање, актерството.
– Ова лето ми е едно од најубавите бидејќи моментално работам на многу голема, сериозна работа. Не се работи за глума, туку за убавина. Со една компанија во Италија направивме производ кој ќе се пласира на нашиот пазар и низ цела поранешна Југославија. Ќе го рекламирам, а тоа е производ што го создадов со тим од врвни италијански експерти од Венеција. Квалитетно е, не би си дозволила после скоро 40 години работа да се посрамотам. Сто проценти стојам зад нешто што може да им помогне на жените во областа на грижата и убавината – изјави актерката пред извесно време за pink.rs .