Кафе муабет

СЕ ПОЈАВИЈА НОВИ ФОТОГРАФИИ: Ова е жената со која Џеј живеел 20 години- поради ова сите заплакаа!

Пејачот повеќе од две децении живеел со Андријана...

Легендата на народната музика Џеј Рамадановски замина од овој свет на 6 декември минатата година.

Неговите најблиски пријатели и соработници не се помируваат со ова ненадејно заминување …

Иако успешно ја градеше својата кариера на сцената со децении и беше многу достапен и за медиумите и за јавноста, по смр*та на Џеј, излезе приказната за Андријана Томаниќ, жена која беше со него 20 години и со која тој живееше.

До неговата см*т не се знаеше ништо за оваа жена која му беше негова десна рака, а уште помалку јавноста знаеше колку тие беа блиски. Сепак, сега кога го нема, полека се појавуваат болни спомени.

фото инстаграм

На Инстаграм профилот на Џеј Рамадановски беа објавени фотографии од него со Андријана, од различни периоди од нивниот заеднички живот.

фото иснтаграм
фото инстаграм

– Секој знае за Андријана. Таа жена е чудо. Таа беше неговата лева и десна рака. Го познавав 25 години, и тие живееа заедно во последните 20 години. Таа е, како што сакаше да каже, неговата бела сопруга. Тој сакаше да напише книга што ќе се вика „Белата жена“. Секој знаеше – кога не можете да го добиете Џеј, јавете се на Андријана или Руле – истакна Јагодиќ, кој свиреше со Џеј.

фото инстаграм
фото инстаграм
фото инстаграм

– Таа е одлична, таа е некој што многу го сакаше Џеј. Никогаш не зборувале за нивната врска, но се знаеше. Сепак, никој не ги ни праша за тоа – посочи Руле за Курир.

фото инстаграм

Многу обожаватели на пејачот реагираа емотивно на овие објави, особено блиските луѓе на Џеј.

фото инстаграм

Жената за која настанаа најубавите негови песни!

До 2004 година, Џеј живееше со својата поранешна сопруга Нада, во семејната куќа во Котеш, која била и најубава во околината.

Сега во него живее Бојан Р. со своето семејство.

Сите во околината имаа само пофални зборови за покојниот пејач. Кога се разведе, се врати во Доркол, а неговата сопруга остана да живее во Котеш. Нада не може да го напушти станот поради тага и болка. И розата на Џеј овена. Иако тие беа разведени, сепак Нада е единствената жена која Џеј искрено ја сакаше. Таа му подари две прекрасни ќерки кои се совршено воспитани. Често доаѓаше тука. Мислам дека се чувствуваше како дома – изјави за српски Курир соседката Љубица непосредно по смр*та на пејачот.

Порталот успеа да дојде и до фотографија од венчавката на Нада и Џеј.

До последниот ден од животот, тој велеше дека таа е најдобрата жена на светот, иако не успеаа да го одржат бракот.

Дека таа беше љубовта на неговиот живот, докажува и тетоважата со нејзиното име на неговата рака, а тој честопати посочуваше во медиумите дека и е благодарен што успеа да го истрпи и во најлошите изданија на животот.

Нада никогаш не сакаше да се експонира во јавноста, а со оглед на најемотивните народни песни, на сите им е јасно за каква љубов станува збор.

Колку ја сакаше Нада, иако беа разведени, покажува и фактот дека во неговото последно интервју тој зборуваше претежно за неа и тоа со многу љубов.

фото инстаграм

– Колку и да талкав, секогаш доаѓав дома, се обидував да бидам совршен сопруг, но мислам дека денес сум подобар поранешен сопруг отколку што бев во брак – изјави Џеј во емисијата „Улица Балкан“.

фото инстаграм
фото инстаграм

Српскиот пејач на народна музика Џеј Рамадановски почина во сон на 57-годишна возраст, а целата естрада и семејството на починатата легенда беа завиени во црно од овој настан.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close