Кафе муабет

Најубавиот ден за малата Ема: Радост во семејството Шаулиќ, Илда блеска од среќа- ја врати насмевката на нејзиното лице! (Фото)

Ема го прослави 6-тиот роденден!

Семејството Шаулиќ денес има причина за славење и овој ден е посебен за нив. Ќерката на Илда Шаулиќ и Бојан Вучковиќ, малата Ема наполни шест години.

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

За овој убав ден семејството Шаулиќ приреди бајковита веселба, а мама Илда се погрижи за секој детал за да може нејзината миленичка да ужива во магијата.

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ
Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

Како излезена од најубавата детска бајка малата Ема блесна во розов фустан украсен со големи проѕирни крилја, а во прекрасно украсена околина полна со балони, цвеќиња и пеперутки, роденденката ги дуваше свеќите од трикатната торта .

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

Тоа што ќерката на Илда Шаулиќ била воодушевена од прославата која и ја приредија родителите а на која биле присутни и многу нејзини другарчиња, говори и насмевката која не ја тргнала од лицето додека елегантните мама и тато не ја криеле гордоста и големата радост по повод роденденот на нивната принцеза.

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

На профилот на „Инстаграм“ на Илда не престануваат да ѝ го честитаат роденденот на Ема, а покрај големиот број колеги и пријатели, многумина коментираат дека наследничката на Илда е преслатко девојче и дека таа е копија на нејзината популарна мама.

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

Го изгуби бебето!

Откако и “зараснуваа раните”, по загубата на нејзиниот татко, пејачката се соочи со уште една загуба која и го сркши срцето. Имено пред две години пејачката дозна дека е бремена со второ дете, но и дека е заболена со коронавирус.

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

Имено Илда успеа да се избори со короната, но за жал нејзината состојба во однос на бременоста се влоши, па пејачката го загуби бебето на кое толку многу му се радуваше.

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

Таа тогаш напиша трогателна порака која расплака многумина.

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

-Драги мои, малку е да се каже дека сум трогната од неброените пораки на поддршка кои ги добив. Не знам дали ќе можам на сите поединечно да ви се заблагодарам, затоа овде на сите ви ја возвраќам својата љубов. Она што е за мене најважно е, се што било да се обидам да го оставам зад себе и во овој момент да се сконцентрирам на некои поубави денови, кои се надевам дека ни престојат. Моментално, најпотребен ми е мир. Ви благодарам на сите за разбирањето. Ве сака Илда, напиша по загубата на бебето пејачката.

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

Илда го изгуби своето бебе во третиот месец од бременоста.

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

“Без разлика дали короната е причина или не … Мојот гинеколог ми рече дека не можеме загубата да ја препишеме на вирусот Ковид-19, бидејќи немав тешки симптоми и се чувствував добро, сè беше во ред. Можеби нема никаква врска со вирусот, рече таа.

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

“Немав сетило за мирис и вкус два дена и тоа беше знак за мене дека треба да се тестирам, плус во тоа време бев во блажена состојба, а потоа едното го повлече другото. Беше приоритет да се стави под контрола вирусот . Немав треска, не кашлав, немав проблеми со белите дробови. Поради бременоста, најважно ми беше да проверам, а потоа дојде позитивниот резултат“, изјави пејачката.
„Се тешев, дека нема да биде страшно затоа што симптомите беа благи, но резултатот беше поинаков“, забележа таа.

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

“Искрено, бев бремена по втор пат во животот и тоа беше голема радост за мене. Јас веќе имам 42 години и затоа најмногу се надевав дека ќе станам мајка по втор пат. Секогаш е ризично за бременоста. Бев среќна, но со резерва, истакна таа.

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

– Таков тип сум, силна сум. Можеби не делувам така поради физеономиијата бидејќи делувам кревко и нежно, мислам дека луѓето така ме дожиуваат. Искрено, последниве две години мислам дека беа најтешки во мојот живот. Мораме да продолжиме понатаму, мора да се живее и просто треба да живееме од некои убави спомени, се отвори Илда пред новинарите.

Фото: Инстаграм/ Илда Шаулиќ

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close