Кафе муабет

Луна Џогани сака повторно да забремени – за неа нема ништо поубаво од мајчинството!

Најдобрите совети ги добива од мама Анабела...

Луна Џогани и Марко Миљковиќ во јуни годинава ја добија ќерката Миа на која што поскоро би сакале да и подарат брат или сестра.

фото инстаграм/Луна Џогани
фото инстаграм/Луна Џогани

Поранешната учесничка во ријалити шоуто “Задруга” вели дека кога била бремена била посмирена од било кога и дека би се радувала на уште една бременост.

фото инстаграм/Луна Џогани

– Навистина мислам дека бев најсмирена во текот на бременоста. Можеби сега сум повеќе барана отколку во бременоста. Во еден момент се повлеков од јавноста затоа што сето тоа ми прави стрес, бев максимално опуштена и растеретена и затоа сакам уште една бременост – откри Луна за „Гранд онлајн“ и додаде:

фото инстаграм/Луна Џогани
фото инстаграм/Луна Џогани
фото инстаграм/Луна Џогани

– Мајчинството е најлесната и најтешката работа, нема ништо поубаво, нема поубава титула и поубав период од животот. Може да биде многу тешко, но тоа е нормално. Уживам во сето тоа и мислам дека навистина добро поминав со оглед на тоа што немам бебиситерки или некоја посебна помош, освен семејството. Одлично се снаоѓам, задоволна сум и навистина го давам својот максимум.

фото инстаграм/Луна Џогани

Иако се труди да не ги оптоварува другите членови на семејството, таа со задоволство ги прифаќа советите и помошта.

фото инстаграм/Луна Џогани
фото инстаграм/Луна Џогани
фото инстаграм/Луна Џогани

– Се консултирам со мајка ми бидејќи има многу искуство и може да ми го даде најдобриот совет. Она што го добив како совет од од мајка ми, е да и давам на ќерка ми многу љубов, нежност и да имам трпение. Тоа е најдобриот совет, најважно е да порасне во семејство во кое е многу сакана – искрена беше Луна.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Скитер тубе
Фото Инстаграм/Марко Миљковиќ

Марко откри како се снашол во улога на татко:

– Ќерка ми е супер, првите два месеци постојано се будеше. Бевме подготвени за тоа. По два месеци почна нормално да спие. Се си доаѓа на свое, Миа цело време се смее. Таа е многу позитивно и задоволно бебе- вели Марко и на крајот открива дека Луна и тој едвај чекаат уште деца:

фото принтскрин
Фото Инстаграм/Марко Миљковиќ

– Планираме проширување на семејството. Сакам Луна да одмори од породувањето, но разликата меѓу децата да биде што е можно помала за да можат заедно да одат во градинка и да се дружат. Работиме на различни проекти, се трудиме. Размислуваме за се што е големо – заклучува Марко Миљковиќ за „Блиц“.

фото Инстаграм/Луна Џогани
фото инстаграм/Луна Џогани

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close