Кафе муабет

Лидија Вукичевиќ пресреќна во прегратките на својот 20 години ПОМЛАД партнер- прави големи летни планови

Исполнета и среќна...

Атрактивната актерка Лидија Вукичевиќ со години вешто ја крие приватноста од очите на јавноста а како што е познато е дека таа е во врска со помлад сликар од Италија, со кој успешно одржува врска на далечина.

Фото Инстаграм/Лидија Вукичевиќ

Иако неговиот идентитет се уште е непознат за јавноста, две децении помладиот дечко на Лидија Вукиќевиќ после долго време и донесе радост во животот, а како што признава актерката ужива во секој заеднички момент.

Фото Инстаграм/Лидија Вукичевиќ

– Мојот помлад партнер ми донесе нова радост. Ми требаше некој сличен, не верувам дека спротивностите се привлекуваат. Не ми треба смирување, туку партнерот да ме следи на мојата бранова должина. Кој ќе се обидеше да ме спушти на земја, на крајот беше спуштен, многу пониско од мене – изјави атрактивната актерка за Стори, која еднаш откри дека се работи за италијанси сликар со кој ужива во љубовта на далечина:

Фото Инстаграм/Лидија Вукичевиќ

– Се гледаме повремено. Ја сакам љубовта на далечина, никогаш не може да ми здосади, секогаш добро се забавувате и секогаш кога ќе се видиме како да е прв пат. Кога сте постојано заедно, многу работи се откриваат, нешто што можеби не го сакате излегува на површина. Навиката ја убива љубовта. Кога мојот партнер ќе ми стане како брат, време е да си заминам. Бидејќи и двајцата сме уметници, многу добро се разбираме. Не размислувам за преселба во Италија, јас сум типична жена за оваа клима. Со години живеев во Холандија и Турција и сфатив дека најмногу ја сакам Србија, дека е најубаво овде. Можам да патувам, но се враќам затоа што овде се чувствувам најдобро – изјави тогаш за „Глорија“, но изгледа дека при последната посета на нејзиниот емотивен партнер во Италија се отвориле некои нови деловни можности.

Фото Инстаграм/Лидија Вукичевиќ

Имено, Лидија го споила убавото и корисното, а при посетата на својот сакан се одлучила за нов потфат на професионален план кој не е поврзан со нејзиното основно занимање, актерството.

Фото Инстаграм/Лидија Вукичевиќ

– Ова лето ми е едно од најубавите бидејќи моментално работам на многу голема, сериозна работа. Не се работи за глума, туку за убавина. Со една компанија во Италија направивме производ кој ќе се пласира на нашиот пазар и низ цела поранешна Југославија. Ќе го рекламирам, а тоа е производ што го создадов со тим од врвни италијански експерти од Венеција. Квалитетно е, не би си дозволила после скоро 40 години работа да се посрамотам. Сто проценти стојам зад нешто што може да им помогне на жените во областа на грижата и убавината – изјави актерката за pink.rs и додаде:

Фото Инстаграм/Лидија Вукичевиќ

– На пазарот треба да се појави до крајот на јули. Навистина се радувам на тоа бидејќи одлично ја познавам областа и имам тим од експерти кои со години се занимаваат со нега на жени. Се ќе биде врвно, од пакувањето до содржината – заклучи Лидија.

Фото Инстаграм/Лидија Вукичевиќ

Тајната на нејзиниот добар изглед

Една од најголемите ѕвезди во серијата „Подобар живот“ има бројни следбеници на социјалните мрежи, кои посебно ја фалат нејзината витка фигура и одличната форма.

Фото Инстаграм/Лидија Вукичевиќ

Шармантната актерка не пропушта да им се заблагодари на сите што и помагаат да го одржува својот младолик изглед, но познато е и дека самата вложува многу напор.

фото Инстаграм/Лидија Вукичевиќ

Таа на крајот од својата шеста деценија, редовно вежба за стомачни и грбни мускули, но и води сметка во исхраната.

Фото Инстаграм/Лидија Вукичевиќ

Како што самата има изјавено во една пригода, благото речиси целосно го има исфрлено, а користи сите мешавини со мед и цимет. Во нејзината диета нема место ни за глутен и месо, туку е заснована на други намирници што не дебелеат, пишува порталот „Лепа и среќна“.

Фото Инстаграм/Лидија Вукичевиќ
Фото Инстаграм/Лидија Вукичевиќ
Фото Инстаграм/Лидија Вукичевиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close