Кафе муабет
Барбара се огласи по апсењето на Дарко: Откри шокантни детали за раскинувањето- еве што кажа за конзумирањето на дрога
Повеќе не се заедно...
Пејачот Дарко Лазиќ е уапсен пред два дена, а алкотестот и наркотестот покажале дека фолкерот возел автомобил под дејство на алкохол, но и кокаин.
Тој е казнет со 200.000 динари и една година забрана за управување со моторно возило, додека Барбара Бобак тогаш изјавила дека дефинитивно ставила точка на нивната врска.
Жителите на Брестач, каде што живее Дарко Лазиќ, велат дека пејачот се сомнева дека неговата поранешна девојка Барбара Бобак си нашла друго момче.
– Беа како рогови во вреќа. Се караа и се помируваа. Сепак, сега мислам дека дефинитивно е крајот. Слушнав дека Лазиќ се сомнева дека Барбара има друг и дека тоа е главната причина за колапсот на нивната врска – истакна соседот, кој инсистирал да остане анонимен.
Слично се наведува и друг жител.
– Дарко секогаш не поздравува, фин е и културен. Тој работи во градината. Не му требаше ова. Велат жените го уништиле. Тешко е кога го носиш товарот на славата. Барбара не ја гледам веќе да доаѓа, а до неодамна доаѓаше постојано – заклучува сосетката за српски „Курир“.
Мајката на Дарко, Бранка Лазиќ изјави дека е многу потресена, изнервирана и дека е загрижена. Таа изјавила дека не се слушнала со синот, иако Дарко одамна е пуштен од притвор.
Барбара, инаку, рекла дека не ја изненадила веста дека тестот покажал дека има дрога во крвта, и откри дека дефинитивно ставила крај на нивната врска.
-Разговаравме, му реков да ме извести кога нема да биде во станот за да дојдам да си ги земам останатите работи – рекла Барбара и открила дали подготовките за нивната венчавка биле нагло прекинати…
– Немаше подготовки за ништо, одамна ставив крај на сето тоа – остро изјави таа за „Ало“.
Запрашана дали била информирана дека Дарко користи кокаин и како реагирала кога дознала дека тој бил позитивен на тестот за дрога, Барбара рече:
– Никој не треба да го интересира дали сум била информирана или не. Реагирав неизненадувачки.