Дом и семејство
„БИ САКАЛА ДА БИДЕ МОМЧЕ, НО ИМА ПОТЕШКОТИИ“: Гоца и Раша донесоа одлука- ќе посвојат дете по неуспешното ин-витро
Долги години се бори за потомство...
Пејачката Гоца Тржан и нејзиниот сопруг Раша Новаковиќ донеле одлука да посвојат и усреќат дете.
Гоца и Раша со години се борат за потомство, а сега донеле одлука да посвојат дете.
„Гоца беше многу тажна кога доби негативен резултат, сепак, не се откажува, таа е голем борец и не сака да бега, а најголемата поддршка ја има од сопругот Раша. Иако по петти пат беше на ин-витро веројатно ќе се обиде повторно. Сепак, разговарале и решиле дека ако наскоро не успеат да се остварат како родители, ќе започнат со процесот на посвојување. Таа сакала да посвои момче“, изјавил извор за Стар.
Пејачката неодамна за медиумите проговори за одлуката да посвои дете. Таа откри дека таа и Раша немаат можност да посвојат новороденче.
-Според нашиот закон, 48-годишна жена не може да посвои новороденче, бидејќи разликата меѓу посвоителот и посвоеникот не смее да биде поголема од 45 години.
„Постапката за посвојување деца е ужасна затоа што мора да се исполнат различни барања, а има одредени ограничувања. Мора да собирате документи две-три години и да се борите со глупости. Разговарав со Сергеј Четковиќ, кој посвои ќерки и кој ќе се обиде да „Направи нешто за да ги забрзаме овие процедури. Бидејќи не можеме да посвоиме бебе, јас и Раша се договоривме да избереме дете на кое ќе му помогнеме финансиски“, изјави Тржан за Глорија.
Гоца Тржан за време на гостувањето во една емисија отворено зборуваше за најтешките моменти низ кои поминале таа и нејзиниот сопруг.
Поп ѕвездата истакна дека долготрајната борба за заедничко потомство уште повеќе ги зближила и ја зајакнала нивната љубов.
– Мислам дека паровите кои навистина сакаат дете и се трудат да имаат деца, а не можат да имаат, чувствуваат болка до крајот на животот. Тешко е да се помирите со тоа и воопшто не сум сигурна дали на мажите или на жените им е потешко – рекла Гоца на почетокот на разговорот.
– Морав да бидам подготвена како жена која е 14 години постара од мојот партнер да ми каже: „Слушај, јас се уште сакам да имам дете, а ти веќе ја помина границата кога веќе не можеш физиолошки да се породиш“. Немам право да го држам овој човек покрај себе и не го чувам ниту сега – искрено признала пејачката.
– Тој е мој, а јас сум негова поддршка. Знаете, кога ќе се случи ин витро оплодување и кога ќе се случи „неуспех“ во тој процес, тој секогаш ми вели дека му е многу тешко затоа што не може да понесе ниту еден дел од мојот товар. Се зависи од жените. Жените добиваат стимулација, жените поминуваат низ хормонални бури… Ментално е многу тешко. Хемијата и биохемијата функционираат така што сте толку напнати… Тоа е ПМС по 100! И тоа трае, на пример, од почетокот на стимулацијата до почетокот на зачнувањето или до моментот кога ќе дознаете дека не сте бремени.