Кафе муабет

По смртта на татко му ја остави вереницата а сега има нова љубов: Оваа убавица е новата девојка на Михајло Шаулиќ ФОТО

Ужива во новата љубов...

За разлика од Санела и Илда Шаулиќ, за кои знаеме дека се во среќен брак, приватниот живот на нивниот брат Михајло е енигма за јавноста.

фото инстаграм/Михајло Шаулиќ

 

Познато е само дека веднаш по смртта на татко му ја раскинал долгогодишната врска со Данијела Мандиќ со која планирал венчавка.

фото инстаграм/Михајло Шаулиќ

Последната објава на Илда Шаулиќ на Инстаграм сведочи дека Михајло е повторно среќен во љубовта и дека убавата бринета која му го освои срцето е извесна Марина Велимировиќ.

фото инстаграм/Илда Шаулиќ

„Фамилија“, кратко напиша Илда во описот на фотографијата од свадбата на која изминатиот викенд присуствуваше целото семејство Шаулиќ.

фото инстаграм/Илда Шаулиќ

Инаку неодамна се пишуваше дека Михајло Шаулиќ, кого јавноста претходно го запозна со Александра Младеновиќ, бил во емотивна врска со жена која веќе има брак и дете зад себе.

Фото Инстаграм/ Илда Шаулиќ

Она што посебно ја налути неговата мајка Гоца е информацијата дека станува збор за жена која е поранешна снаа на семејството Кариќ.

Фото Инстаграм/ Илда Шаулиќ

Како што откри тогаш извор за српски „Скандал“, Гоца имала можност да се сретне со Тамара Николиќ, но не знаела за нивната врска.

Фото Инстаграм/ Илда Шаулиќ

– Гоца ја запозна девојката, знаеше дека е богата и има дете, но другите детали од неа ги криеја Михајло но и неговите сестри Илда и Санела – започнува изворот и додава:

Фото Инстаграм/ tamaranikolicofficial

– Михајло им рече на своите сестри дека ќе и објасни се на неговата мајка, не му паднало на памет дека ќе прочита се во медиумите бидејќи обично не чита весници и портали. Но, овој пат беше поинаку, Гоца ја виде веста и речиси се онесвести од шок.

Фото Инстаграм/ tamaranikolicofficial

По фотографиите кои ги виде а на кои синот на Шабан Шаулиќ и поранешната сопруга на Симон Кариќ се исклучително блиски, на Гоца и се слоши.

Фото Инстаграм/ tamaranikolicofficial

– Гоца се шокираше кога виде слики во медиумите на кои Михајло е близок со нова девојка, па почна да му вика на својот син: На што личи ова?! Како можеш да го посрамиш своето семејство! Можеш ли да најдеш девојка без да те следат медиумите и скандалите, постојано создаваш некои проблеми – рече изворот и објасни:

Фото Инстаграм/ tamaranikolicofficial

– Гоца не е толку исплашена што оваа девојка имаше сопруг и дека има дете, само се грижи дека Михајло конечно треба да се среди и да биде во сериозна врска а не вака на секои неколку месеци да биде со друга девојка.

ФОТО: Шабан Шаулиќ / Инстаграм

По се изгледа оваа врска завршила па сега Михајло е среќен покрај својата нова љубов.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close